Wednesday, September 22, 2010

До функција преку нормализирање на мускуло-скелетниот систем

АБР информативна сесија 8 Октомври 2010, 19 часот хотел Royal View

Контакт на тел. 071 294 551 ,
е-mail : gasovska@hotmail.com

Што е АБР?

АБР е скратеница од Advanced Biomechanical Rehabilitation.
Тоа е всушност терапија развиена од рускиот пронаоѓач Леонид Блум.
АБР нуди техники за трајно структурално опоравување на мускулоскелетниот систем . Преку нормализирање на мускулоскелетниот систем , функциите се развиваат нормално и спонрано.За АБР техника родителите на деца со ограничувања во псхимоторниот развој добиваат соодветна обука, а резултати се добиваат со секојдневна работа по неколку часа на ден.

Кому може АБР да помогне?
АБР е за родители кои не се задоволни од состојбата во која се наоѓа нивното дете, за оние родители кои сакаат да го oслободат сопственото детето од оклопот во кој тоа е заробено.АБР е за родители кои се спремни да работаат со своето дете со цел да му го подобрат животот.
АБР може да се применува за лица со мозочна повреда или некаква девијација на мозокот, состојби како што се
церебрална парализа
проблеми со говор
аутизам
хиперактивност
микроцефалии
спазми
даунов синдром
епилепсија
повреди на глава
мозочен удар
сколиози
рет синдром
предвремено родени бебиња
оштетувања предизвикани од вакцина
повреда на р бет
.......

Зошто АБР се разликува од другите терапии?

Основното прашање што го поставуваат родителите кои ја посетуваат нашата веб страна е Која е разликата меќу АБР и останатите терапии?
АБР проблемот го од поинаков аспект.
Додека со сите други терапии , целта е да се извлече максимумот од детето со таа структура на телото што ја има,да се добие некаква функција, АБР го прави обратното. АБР прво ја зајакнува и опоравува структурата, го нормализира мускуло-скелетниот систем.Преку нормализирање на мускуло-скелетниот систем , функционалните промени (контрола на глава,контрола на трупот,седење, лазење, одење итн. ) се добиваат спонтано, како и кај секоја здрава личност.
Резултатите кои се добивата со АБР се трајни и никогаш не се губат.За АБР не постои возрасна граница.Подобрувања добиваат сите пациенти без разлика на возраст и состојба.

No comments:

Post a Comment