Wednesday, January 26, 2011

Лутер - Церебрална парализа (пред и по 2 години АБР)

3 comments:

  1. Навистина одличен пример. Весна, дали можеш да ми објасниш,кај повозрасно дете на околу 10 години кое сосема добро работи со раце,но е прилично клекнато во колената, дали со АБР може да се постигне подобрување? Плус, дали одењето(одот)кај друго дете се добива спонтано со самата работа или се потребни и вежби за зајакнување на мускулатурата кај нозете???
    Однапред благодарам за одговорите.

    ReplyDelete
  2. Секако дека може, за АБР нема возрасна граница, така што не е проблем што детето има 10 години. Се разбира кога би имало 1 година би било далеку полесно да се постигнат резултати, бидејќи и површината ра работа е помала, но како и да е и кај дете од 10 години може да се постигнат резултати, со работа се разбира.Моментално имаме баш таков пример,само што детето има 7 години,исто така е клекнато во колената. Проблемот на клекнати колена не е всушност проблем на колената. Колената се поврзани со карлицата, а карлицата со пршлените од рбетот, а тие пак со ребрата од градниот кош од една страна, а од друга страна со пршлените од вратот, а тие пак со коските од главата. Така што , проблемот се провлекува низ цело тело, и така и се решаа. Како ќе се одвива развојот натаму зависи од тоа во каква состојба е моментално детето и што постигнало во развојот на моториката. Ако само седи самостојно, тогаш мора да ги помине фазите самостојно лазење, самостојно одење на коленици, самостојно исправање,самостојно стоење па дури после да почне да оди, па да скока и да трча. Во АБР нема прескокнување на фази . Фазите се случуваат спонтано,природно како кај здраво бебе, тогаш кога структурата на телото ќе е спремна за тоа.
    Нема потреба од никакво зајакнување на мускули бидејќи проблемот не е во мускулите.
    Наредните денови ќе поставам текст за Ана со слики и снимки од првата и втората АБР проценка. Таму ќе видиш дека проблемите не се во слабите мускули, туку многу подлабоко во телото. Се надевам ќе успеам што е можно поскоро да го средам текстот.
    Срдечен поздрав.

    ReplyDelete
  3. Благодарам Весна,многу ми помогна со твојот одговор и разјаснувањето околу некои дилеми кои што ги имав.
    Се најдобро.

    ReplyDelete