Friday, September 10, 2010

ABR информативна сесија на 8 Октомври 2010



A B R може да го промени вашиот живот!

ABR е скратеница од Advanced Biomechanical Rehabilitation.
Или на македонски преведено унапредена биомеханичка рехабилитација, унапредена – заради пристапоп кој го има кон проблемот и резултатите кои се неколку чекори понапред од сите постоечки методи за рехабилитација на лица со повреда на мозок.
АБР е единтвена програма за биомеханичка рехабилтација на деца и возрасни кои доживеале мозочна повреда, која предвидува како ќе се одвива опоравувањето на општата состојба на телото , мускулоскелеторниот систем и моторните функции.
За повеќе информации во врска со АБР, Ве молиме да ги посетите нашите веб страни


www.abrbelgium.com                                          www.blyum.com

http://abrmakedonija.blogspot.com/


На информативната сесија организирана од АБР Белгија ќе Ви ги прикажеме резултатите кои се добиени кај нашите пациенти , промените и напредокот кои настанале благодарение на АБР.

Со тие резултати би сакале да ви ја прикажеме фактичката слика за терапијата. Ќе видите многу пациенти со извонредни промени и подобрувања, а ќе се осврнеме и на реалните очекувања за во иднина.

АБР не е магично стапче. АБР е метод со кој чекор по чекор се добиваат промени и подобрувања, метод за кој е потребно труд и време.

Подобрувањата кои се добиваат со АБР се резултат на намалување на негативностите.

Намалување на негативностите е збор кој најдобро го опишува АБР методот.
Многу терапии се базираат на стратегии за брзо добивање резултати.
Кај овие терапии успехот се проценува единствено преку добиените моторни фнкции за што е можно пократко време.
Манипулацијата на муслуките и костите , дури и на лоша телесна структура може да доведе до извесни подобрувања, но само краткотрајно. Долгорочно, родителите се соочуваат со ограничени функции кај своите деца, па дури и со губење на одредени функции.
Тие ограничувања настануваат само заради еден единствен факт, лоша структура на телото. Се додека не се промени структурата на телото функциите ќе имаат ограничувања.

Ограничувањата на движењата се поврзани со функциите кои се базираат на користење погрешени мускули на погрешно место.
Зошто се случува сето тоа?

Ако одблиску го анализираме проблемот повреда на мозок ,ќе видиме дека проблемите со кои се соочуваат овие лица не се само ограничувањата во моторните функции кои се поврзани со контролата врз горниот слој мускули.

Всушност , постои немоќ во целото тело или како што ние велиме целокупниот тонус на телото е слаб. Многу често овие лица се соочени со проблеми во дишењето, проблеми со варење на храната, запек, имаат проблеми со слухот, проблеми со видот... дури и проблеми кои се јавуваат во менталниот развој , а кои во размислувањето за решение не водат кон сосема поинакво место, отколку кон зглобовите , коските и мускулите.


Различни приоритети

АБР нуди решение за поширок спектар проблеми како што се

Општа здравствена сосотојба:

За лицата кои се соочуваат со висок степен на слабост , моторните функции не се нивната главна грижа.Тие би сакале да ги надминат проблемите со нивната општа здравствена состојба, како што се голтање, проблеми со дишење, пневмонија, рефлукс,запек, болки....


Различни ментални сосотојби:

Хиперактивност, проблеми со концентрација и внимание, епилептични напади,интелектуално заостанување.....

Структурални состојби:

Сколиоза, дислокација на колкови (луксација ).......



Моторни функции:

Различни нивоа на спастицитет,тонус на мускулите,слабост на зглобовите која предизвикува ограничувања на моторните функции (од мали нарушувања на фината моторика, до висок степен на ригидност).

Сите овие ограничувања не водат кон еден заеднички основен проблем- слабост на целокупниот тонус на телото.

АБР главниот акцент го става на основата на телото, а тоа е телесниот тонус.АБР е метод кој го зајакнува целокупниот тонус на телото.Нашиот метод ќе ги зајакне сите слоеви на фасциата, како површинските слоеви,од кожата до коските,така и слоевите кои се наоѓаат најдлабоко во телото.Во тој смисол ние зајакнуваме се.
На тој начин се добива широк спектар на подобрувања подобрен вид, подобрена контрола на очите, концентрација , говор, слух, дишење, подобрено варење на храната, моторни функции, ослободување од болка, јакнење на зглобови....

Со АБР се добиваат подобрувања во сите сфери на слабост.Подобрувања добиваат сите, и оние лица кои се наоѓаат во многу тешка состојба, со големи ментални и структурални проблеми, како и лицата кои имаат проблеми само со фината моторика.



Намалување на негативностите


Со АБР напредокот се предвидува и планира. Преку специфичните вежби за одредени делови од телото однапред се знае кои подобрувања ќе се добијат . АБР има специфична програма за рехабилитација која предвидува намалување на негативности, за сметка на тоа се добиваат подобрувања.

Општото зајакнување на внатрешниот тонус , на почеток ќе доведе до прва фаза на напредок, а тоа е ослободување на горните мускули.
Внатрешно јакнење, значи зголемување на волуменот на телото, подобрена сегментација меѓу различни делови на телото, ...овие позитивни промени, водат кон подобрување на структурата и состојбата на телото, со што се отвара простор за рамнотежа и носење на тежината на различни делови од телото.

Со овие промени ќе се добие подобрување на општата здравстена состојба, подобрување во концентрацијата, подобрување на имунитетот.

Со овие промени се намалува ригидниста(хипертонусот, спазамот) на телото овозможувајќи му на лицето поголема подвижност, а со тоа и поквалитетен живот.

Со овие промени , преку зајкнувањето на зглобите , се добиваат функции , подвижност, се воспоставува контола врз неконтролираните движења.

Без правилна структура на телото – Нема подобрувања во движењата.

Без нормално разграничување помеѓу различни делови од телото – Нема подобрување во функциите.

Правилните движења, движењата без ограничување, можат да се добијат само ако се користат правилни мускули на правилно место.

Без сите овие компоненти, учењето, стимулациите..итн. секогаш ќе бидат ограничени.


Закон на природата

При јакнење на тонусот на телото АБР ги спроведува законите на природата.
Не постои новороденче кое оди и зборува.Секој знае дека кај здравите деца целокупниот психо-моторен развој поминува низ неколку фази: контрола на глава, седење,лазење, стоење итн...Овие фази се поврзани со промените кои настануваат во телото период од 12 месеци нормален развој.
Затоа без разлика на која возраст е пациенот кога започнува со ABR мора да се следат природните фази на развој на здраво новороденче.

Опоравувањето на телесниот тонус не се случува преку ноќ.
Меѓутоа со интензивна примена на ABR по 3 часа на ден напредокот не изостанува.Методот е практичен и спроведлив во домашни услови, се што ви треба се вашите раце .ABR не користи медикаменти од никаков тип.
На оваа информативна сесија ќе имате можност да видите какви резултати се добиени кај неколку пациенти за подолг временски период.
Сите пациенти се на различна возраст и имаат различни состојби, но на сите целта им е иста подобрување на квалитетот на животот.


Информативната сесија ќе се одржи во Охрид, на 8 Октомври во 19 часот.
Добре дојдени се сите заинтересирани .
Заради евиденција на број на присутни, Ве молиме Вашето присуство да го најавите на телефон  071 294 551 или на   gasovska@hotmail.com

За повеќе информации Ве молам обратете се на горенаведениот контакт.

Организацијата е помогната и поддржана од Дану Филантропија ЈИЕ, преку интернет медиумот Рингераја.мк.

No comments:

Post a Comment