Eлтон е дете на 7 годишна возраст, со лесна форма на церебрална парализа, поточно хемипареза.
После 10 месеци неуморна работа , по 3 саати на ден, Елтон ги направи првите самостојни чекори.
Елтон пред АБР- се држи за ѕид и оди. Се забележува блокиран лумбален дел- тоа е една од причините зошто и покрај сите напори Елтон до 6 годишна возраст не успеа да прооди самостојно.
Елтон после 10 месеци исклучиво АБР - издолжување на трупот, ослободување на лумбалниот дел( се забележува како карлицата се “ шета“ лево- десно)
Промените во структурата на телото му овозможија поголема слобода и освојување на нови цели.
Елтон пред АБР
Елтон после 10 месеци АБР - среќа и гордост за родителите .
Благодарност до родителите на Елтон што ми дозволија да ги споделам овие снимки со вас.
Структурални промени кои доведоа до функционалните промени
Од срце им честитам за резултатите, и една лична порака- Сонот кој го имавте за Елтон полека почнува да се исполнува. Само напред, вредно и упорно, за некое време повторно ќе се радуваме на нови успеси.
Дали е ова возможно и со повозрасни деца во слична состојба ?????
ReplyDeleteВерувам дека е , но секогаш е прашање што е слична состојба, и колку состојбата е навистина слична .
ReplyDeleteДосега во групата не сум имала поголемо дете во состојба како Елтон. Го имаме Филип, кој одеше самостојно пред АБР, и со помош на АБР неговото одење значително се подобри. Се надевам дека одговорот ќе ви помогне. Основа на контолата врз сопственото тело е сегментацијата- одвојување на секој дел на телото еден од друг, со што телото добива поголема слобода, и движењата на различните делови од телото се независни . Наједноставно кажано, движењата стануваат послободни, не се роботски. На било која возраст сегментација се постигнува. Ако телото е блокирано, не можеме да очекуваме слобода во движењата.Ако имате повеќе прашања , со задоволство ќе ви одговорам. Поздрав.