Thursday, February 7, 2013

Т.Ј. во новата 2013 со нови резултати

Jануари 2013, после 22 месеци АБР  - Стапалото се спушти, без операции, без ботокс. Спазамот во коленото се ослободи . Телото доби сегменти, независна подвижност.Погледнете колку убаво се наведнува и се исправа , колку координирани движења има. Рамнотежата е далеку подобра од пред 6 месеци, се гледа колку побавно оди и колкава контрола има врз движења. Сеуште има потреба од промени во раката и ногата , но напредокот е очигледен. Инаку овој прекрасне дечко кој е убав како девојче, има и  подобрувања во говорот .И плус , многу е позгоден од лани:)



Пред АБР (Искуството на мајката  можете да го прочитате тука  KLIK)



После 6 месеци АБР, прооде


Лето 2012 , ги освои скалите


6 comments:

  1. Дали АБР е способен да го доведе детето со ЦП да добие целосна независност ???? Дали имаме таков пример ????

    ReplyDelete
  2. Detevo od postot ke bide celsono nezavisno. Mentalno odlicno se razviva, logicki rasuduva, govorot nepreduva i plus motoricki odlichno mu odi.Ova dete napreduva so dosta brzo tempo, roditelite rabotaat posveteno( daj boze se da prodolzi vo ovoj ritam) ocekuvame idninata da e- funkcii bez izrazeni vidlivi ogranicuvanja.

    ReplyDelete
  3. Многу ми е мило за добрите резултати на сите дечиње.Сега би сакал да прашам,пред да се одлучиме со која терапија да продолжиме,дали истото важи и за детенце од 7 години кое е во добра психофизичка состојба и кое не оди самостојно?? Кога би се добиле опипливи резултати и колку време треба да се практицира АБР,имајќи во предвид дека е тешко во денешно време да се издвојуваат средства во долгорочен период за вежбите.Колку според вас при идеални услови би требало да се вежба и да се добијат резултати кои би биле некако опипливи,т.е.да може детето самостојно да ги извршува своите потреби.Ви благодара однапред за исцрпните одговори.




    ReplyDelete
    Replies
    1. Vi blagoram za prashanjeto- Da bidam isrena, samo ne odi - ne kazuva bash mnogu:)Dali lazi? dali odi na kolena? Dali stoi sam?toa se nekoi raboti koi treba da gi pravi deteto pred da zaodi. Moze da ja poglednete MARIJA, taa e psihicki dobra , i da vidite kako se menuva so ABR, so rabota i istrajnost. Pozdrav.

      Delete
  4. Jас сум родител на дете со ДЦП. На почеток на прегледот од лугето од Белгиjа кога ке ви кажат каков напредок ке има ке израдувате многу од нивните ветуванja. Но кога ке почнете да го вежбате по 3 часа на ден ке видите колку бавно оди напредокот. 90 % не издржуваат психички и се откажуваат до 2 месец. Само за напомена од 50 деца што jа прават оваа терапиja во Македониja ова е наjголемото постигнуванe. Сами направете сметка до каде се другите 49. Не се залажуваjте кога ги читате овие прекрасни текстови како напредуваат децата со АБР дека вашето дете ке прооди за 2 месеци. Треба многу работа со години а можебии и децении и тоа за оние деца кои имаат потенциjaл. Ако вашето дете е 4 или 5 степен никоja терапиjа нема да го прооди.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Vi blagodaram za sovetot shto mu go dadovte na roditelot . Tochno taka, NE SE ZALAZUVAJTE vasheto dete nema da proodi za 2 meseci. VE MOLAM NE SE NADEVAJTE NAPRAZNO , KE SE RAZOCHARATE.
      A shto se odnesuva do ostanatoto, se prashuvam od kade vi e taa statistika deka 90% se otkazuvaat . Vo ABR nema 50 deca, pomalku se , no tie shto se rabotaat uporno i posveteno, i 90% prodolzuvaat so rabota. ZA zal sekoagsh ima i takvi koi psihicki ne mozat da izdrzat. Tie 90% shto rabotaat, se roditeli koi i pred ABR rabotele doma so deteto , pa se naviknati na rabota od 2 do 3 saati na den. ABR ne im nikakvo dopolnitelno opteretuvanje, naprotiv olesnuvanje im e , zatoa shto e prijatno, i ima rezultati i plus pogolemite deca bash uzivaat.
      Shto se odnesuva do prooduvanjeto.... decata od 5 stepen cerebralna paraliza se vrv na golgota. Tie se primer kolku moze eden covek da se machi sekoj den vo sopstvenoto telo , poleka sekoj den po neshto na mu otkazuva, no tolku poleka shto da umira sekoj den so godini... bi rekla primer za edena uzasna bavna i bolna smrt...sushenje na teloto do koski i koza , nevidena maka, stradanje na edna nedolzna i cista dusha. E toa e 5 stepen, dushata da te boli koga go gledash , da plachish i lipash na cel glas, i da go molish gospod da go zemi . Roditelot moli da mu se skratat makite na deteto zatoa shto ne moze da gi gleda stradanjata. Toa e stepen 5.Na tie maki , prooduvanjeto e poslednoto neshto na koe razmisluva roditelot.
      I da bidam iskrena, najgolema pocit za ABR imam bash za tie deca od stepen 5. So ABR pocnuvaat da ziveat, stradanjata im se namaluvaat i od godina vo godina izleguvaat od taa prokleta maka i pocnuvaat da go cuvstuvaat zivotot na poinakov nacin. Jas znam shto e stepen 5 , mnogu dobro znam.I ke rabotam se duri me drzi umot i racete, zatoa shto jas moeto dete go izvlekov od pekolot. Dali ke proodi? Ne ni razmisluvam dali ke proodi- ne e ni vazno. Vazno e deka ima dostoen covecki zivot, deka zivotot ne i maka i bolka, i plus se duri rabotam , taa ke se menuva i ke napreduva. jas ne mozam da ja promenam sudbinata, nikoj ne e moken, go pravam toa shto mozam, go podobruvam zivotot na moeto dete, toa mi e dovolna prichina da psihiki da izdrzam.

      Delete