АБР или Advanced Biomechanical Rehabilitation има уникатен пристап кон проблемите
кои ги имаат децата со посебни потреби.За прв пат на полето на рехабилитацијата
се јавува метод со која сите деца
добиваат трајни подобрувања, терапија која нуди напредок без граници.
Сите лица со
посебни потреби , со посебен акцент на лица со церебрална парализа имаат
проблеми со говорот. Најголемиот проблем е отсуството на говор, а најмалиот
проблем во говорот е неможноста да се изговорат некои букви или лицето зборува
потивко,гласот нема доволно јачина , и е релативно монотон.Од каде доаѓаат тие
проблеми.
Човековиот
апарат за говор го сочинуваат стомачната празнина, дијафрагмата, белите
дробови, дишникот, голтката , гласните
жици, усната и носната празнина,јазикот, вилицата , мускулите на лицето,
носните синуси.
Заради
пореметеност на структурата на горенаведените делови, говорот кај лицата соп
ЦП или воопштио не постои, или е ограничен.
Многу често
велиме дека овие деца зборуваат со очите.Некои од нив се многу паметни,
разбираат многу, и кога ќе ги погледнеме во очи ни се чини дека во тоа тело е
заробена личност која сака нешто да ни каже но едноставно не може.
Каде се
отстапките во структурата.Секаде, почнуваат од главата и продолжуваат низ
целото тело. Поврзувањето на косите од черепот т.н. шевови не се наместо, челната
, тилната , слепоочната коска се изместени, заврени и како резултат, се
јавуваат деформитети не само на главата туку и на вилицата.Така ако кај здрав
индивидуа крајот на вилицата се наоѓа два прсти под завршетокот на увото, кај
овие лица тој завршеток е изместен.Вилицата има сосема поинаква форма , затоа
меѓу другото се јавуваат и проблеми со џвакање.Заради краткиот врат, коренот на
јазикот е многу повисоко поставен па многу често јазикот е надвор од устата.Тоа
не е невролошки проблем, просто и едноставно, заради тоа што корeнот се наoѓа повисоко, на јазикот му е најудобно
во таа положба.
Адамовото
јаболко е исто така многу високо поставено, а гласните жици кои се наоѓааат во
вратот ја немаат потребната должина и јачина.
Белите дробови,
ја немаат потребната големина , па градниот кош е е испакнат (бочваст) и тропа
како во празно, или е премногу сплескан.Просторот помеѓу ребрата е намален, а
долните ребра се испакнати, стомакот пропаднат како во дупка.Карлицата е тесна
и завртена.....Тоа е еден дел од таа општа слика на телото на лице со ЦП.
АБР во првата
фаза , работи на зголемување на белите дробови, издолжување на вратот и
подобрување на ссостојбата на стомакот.
Со ширење на
белите дробови, се зголемува нивниот капацитет, со тоа настанува една од
најважните промени, повеќе кислород оди во крвта, повеќе кислород стигнува до
мозокот, со тоа децата се побудни, посвесни и поконцентрирани, вниманието се
подобрува. Основен елемент за појава на говорот е токму вниманието.
И не само
тоа.Кислородот е вежен елемент во сите биохемиски процеси кои се одвиваат во
организмот.Па затоа и метаболизмот на клеткаат се подобрува.
Со АБР вежбите
за врат, во првите 6 месеци се добива издолжување на вратот и
започнува зајакнувањето на гласните жици.Со тоа после минимум 300 саати работи,
гласот се прочистува, се јавуваат нови гласови, а кај некои деца и говор.Што
точно ќе се добие , зависи од состојбата во која се наоѓа личноста во
моментот кога почнува со АБР.Затоа велиме дека резултатите од АБР се однапред предвидливи.
АБР не е
магија.Тоа е нешто кое мора сите да го знаеме. Потребни се часови и часови
работа. Но, со упорност, истрајност и посветеност, се добиваат прекрасни
резултати кои никогаш не се губат.
Дај Боже да е така.
ReplyDeleteДали е можно да се добие рамнотежа и дали е возможно да се добие што е можно поправилен од?
ReplyDeleteДали има такви примери и дали можи да ги видиме???
Анонимус, благодарам за прашањето. Тука http://abrmakedonija.blogspot.com/2010/09/blog-post_13.html
ReplyDeleteима едно девојче со хемипареза.како изгледало на почеток и какви промени има после 2 години АБР.
Да , може да се добие рамнотежа.да може да се добие правилен од.како и да е, колку време ќе треба за да тоа, зависи во каква состојаб се наоѓа лицето во моментот кога почнува со АБР.
Поздрав.