Friday, March 16, 2012

Марија 10 години,церебрална парализа








Марија – 10 години 

Со АБР почнавме кога Марија имаше 8.5 години.
Цели 8 години крстаревме по Балканот барајќи што посоодветна терапија, трошејќи пари со вреќи само да се подобри состојбата на Марија. И секаде каде што одевме на Марија и беше подобро, но за кратко. По враќањето дома иако продолжувавме со исти вежби најмногу до 3 месеци се задржуваше добрата состојба а потоа полека почнуваше да се влошува, а посебно по секоја настинка, вирус, грип итн. Кога не можевме да ја вежбаме. Долгите патувања почнаа да ни стануваат напорни, што заради долгите релации, што заради тоа што однапред веќе знаевме дека сето тоа кратко ќе трае.
Знаејќи за нашите залагања и посветеност на решавање на состојбата на Марија, една моја познаничка ме извести за некаква презентација во Охрид во најладниот и најснежниот период во 2009 година. Но бидејќи претходно немавме воопшто слушнато за АБР одлучивме со татко и да не одиме а за таа одлука за кратко време се покајавме. По само 2 месеци користејќи го годишното право на рехабилитација во Св. Еразмо во Охрид повторно слушнав за АБР. Една од терапевтките ми го даде телефонскиот број од Весна. И првата работа што ја направив првото утро откако се вратив во Скопје беше контактот со Весна . Од тогаш многу често останував до доцна во ноќта пред компјутерот трагајќи по информации. Промените кај Ана ме радуваа и ме правеа нестрплива. Едвај ги дочекав Белгијанците да дојдат повторно во Охрид .
Во Октомври 2010 конечно почнавме да ја применуваме “Напредната биомеханичка рехабилитација” (АБР). За прв пат не беше никој преморен, никој нервозен , не брзавме никаде и не се плашевме дали ќе врне ,ќе биде ладно или жешко, дали на Марија и се спие па дали ќе може да издржи. Се местевме во најудобната положба и работевме, работевме и работевме. Многу брзо Марија со големо задоволство почна да се фали од новата терапија.
Имајќи го претходното искуство со другите методи, знаевме дека АБР не е волшебно стапче и вежбавме трудејќи се да не се оптеретуваме со тоа што сме добиле за кратко време туку не интересираше дали тоа ќе биде трајно. Но во фебруари 2011, пред нас имавме поинакво тело.Подигнатите ребра се спустија а зајакнатите стомачни мускули кои претходно не се гледаа и беа пропаднати, како кај спортист се наредија како плочки. Почна Марија да се исправа на колена покрај зид, а страшната кифоза како од шала се смали. 
 Промените продолжија токму како што ги предвидоа Белгијанците. Има периоди кога надворешно изгледа полошо но внатрешната мускулатура си зајакнува, што е всушност и целта на АБР.
Токму тие промени ме натераа да го споделам нашето АБР искуство со сите вас . За првпат знаеме дека парите што ги плаќаме за терапија правилно ги вложуваме за разлика од порано кога од напред знаевме дека за иста работа пак ќе треба да спремиме далеку повеке пари и ќе добиеме нешто што не е трајно, и така во недоглен Сизифовиот камен го туркавме до врвот а тој се тркалаше назад.
За сите што размислуваат дали да вежбаат АБР или да продолжат да го туркаат Сизифовиот камен мојата искрена, од срце, порака е да почнат да размислуваат паралелно додека вежбаат. Така промените кај нивните деца ќе им го дадат одговорот ,а парите ќе бидат вложени во иднината на децата,а не фрлени како што објаснуваат, заради непознавањето на методата и спектарот на предност во однос на се друго.


Срдечен поздрав. 

 Од семејството Савески 



                                           Октомври2010
 
Октомври2011
 
 




Марија промени во втората година со АБР






















Марија промени во втората година со АБР


No comments:

Post a Comment