LINK DO ANA-OKTOMVRI2011
Битката за Ана започна уште со незјиното раѓање. Од првиот ден кога дојдовме дома па во наредните две и пол години постојано вежбаме по Бобат. Докторите на почеток велеа, нема правила, вежбајте па ќе видиме. По извесно време добиваваме совет да си родиме друго дете. Не дека тој совет не е добар, но јас сакав да знам како да и помогнам на Ана.

Животот
ми се промени комплетно. Оставив се на
страна и комплетно се посветив на Ана. Едно време ја применуваме методата на
професор хохлов, работевме и акупресура, Ана вриштеше од вежбите ние упорно
вежбавме. Кажано ни беше дека била мрзлива и затоа не соработувала. По две и
пол години работа, Ана скоро и да не доби ништо. Сиот труд беше залуден.
Морам да
признам дека не ми беше баш лесно да стигнам до АБР. Барав и препарував по
интернет ,и секој метод пооделно го испитував, барајќи метод од кој ќе бидат
задоволни родителите. И така после 6 месеци трагање и испитување, вселената
решила да ми отвори пат. Стигнав до АБР , конечно терапија од која сите
родители беа задоволни, конечно терапија која зборуваше за нешта кои се многу
логични па дури и очигледни.
На
првата АБР проценка, мене за прв пат ми стана јасно колку е всушност тешка состојбата на Ана, и единствено прашање
кое ми се моташе по главата беше Зошто ми требаше толку време да ја најдам оваа
терапија. За прв пат сите мои прашања беа одговорени, јасно и концизно, и за
прв пат ми беше кажано што можам да добијам како резултат од тоа што ќе го
работам.
Еве од
каде почнавме.
Познатиот
рефлекс на Моро - Реакцијата
која Ана ја имаше секогаш кога ќе
сретнеше непознати луѓе, а многу често познати. Всушност се случуваше многу
често татко и да предизвика ваква реакција. Оваа реакција пред АБР ни
беше објаснета како примитивен рефлекс, а некои дури одеа и до таму, овие
движења да ги класифицираат како напади,и тоа тоночно-клонични напади, а други пак како напади кои се рефлексни, се јавуваат на звук
, светлина итн, и кои не се лечат.
Да се шета Ана во количка беше голем проблем. Шетањето обично почнуваше со Ана во количка, но завршуваше со Ана во раце.Страв ми беше да не и се приближи некој, веднаш реагираше , како на сликата ,
Да се шета Ана во количка беше голем проблем. Шетањето обично почнуваше со Ана во количка, но завршуваше со Ана во раце.Страв ми беше да не и се приближи некој, веднаш реагираше , како на сликата ,
и бидејќи тие реакции беа крајно
исцрпувачки и непријатни за неа , Ана веднаш почнуваше да плачи. Кога ќе
дојдеше некој на гости , Ана морав да ја држам и стегам во мене, да не ги гледа
луѓето . Значи, Ана беше нон под стрес .
По 9
месеци и нешто повеќе од 500 саати АБР , Моро скоро и да го снема.
Ана ужива во сликање и се смее на блицот. На блицот , од кој пред само 9 месеци и предизвикуваше толку голем стрес.
Ана ужива во сликање и се смее на блицот. На блицот , од кој пред само 9 месеци и предизвикуваше толку голем стрес.
Што се промени? Всушност таа реакција, која обично ја викаат рефлекс на Моро, ја имаат скоро сите деца спастична форма на церебрална парализа.Некои поблаго го изразуваат овој рефлекс, некои појако. Но , проблемот е всушност во структурата на телото , а не само во мозокот и што е најважно како што се намалува спазамот, како што се опуштаат ригидните мускули, така полека и овој рефлекс исчезнува. Ана денес ужива во прошетките. За водици , кога во Охрид беше голема гужва , таа се шеташе 2 саати во гужвата и уживаше во секој момент. Гости можат слободно да влезат дома, без Ана да се потреси, а и ние можеме да одиме на гости без страв дека Ана ќе е постојано под стрес и дека ќе мора веднаш да се вратиме дома. Значи, животот на Ана се промени, се отвори еден нов прозорец , можеби е мал, но кога човек ќе се приближи доволнио блиску дури и низ малиот прозорец се гледаат широки пространства.
Во
седечка положба, Ана мораше буквално да се држи .
Ако ја потпревме со грбот , таа се лизнуваше надолу.
Кога ние седиме за да можеме да се движиме лево -десно, и да не паѓаме како клада ги користиме слабините. Тоа е нешто кое Ана го немаше. Просторот меѓу ребрата и карлицата кои кај нас се минимум 3 прсти, кај ана беа 0 прсти, немаше никакво растојание.
Значи внатре во телото ребрата и карлицата на Ана формираа
оклоп и затоа Ана паѓаше како клада. Во октомври 2010 веќе имавем 1 прст ,
Како резултат на тоа Ана многу подобро седи и веќе
не паѓа како клада.
И тоа е голема работа за нас. Не толку заради самото седење, туку повеќе за чувтсвото на удобност на Ана. Таа сега се чувствува многу попријатно и покомотно во соптвеното тело, моето дете не страда, тоа е тоа што ме исполнува со радост.

И покрај
тоа што имаме уште доста работа до самостојно седење, сепак разликата од
декември 2009 имаме голема разлика.
Исто така, јасно се зголеми степенот на опуштеност на Ана. Додека во
декември 2009 шаките беа во тупаници, во Октомври 2010 имаме отворен шака.И
плус уште една работа која е паѓа во очи кога се гледаат слики од Ана. Тоа е погледот на Ана. Во декември 2009 имаме
отсутен и тап поглед, а во октомври 2010
Ана е веќе друго дете, дете со далеку побистар поглед од порано.Пред околу месец дена почна да гледа цртани. Прво ги сакаше цртаните со Пепа прасето, потоа следуваше Бумба , а вчера со голем интерес го гледаше сунѓерот Боб.
Добивме подобрувања во сите аспекти. Така , Ана далеку подобро голта . Ако пред АБР јадењето ни беше голем предизвик сега веќе не е така. Пред АБР потребни ни беа 10 лигушници за едно јадење,Ана јадеше минимум пола саат, со псотојано засркнување, проследено со кашлање и кивање. Тоа баш и не беше пријатно за неа, ама јас не знаев како да и помогнам освен да ја гмечам храната и да ја направам што е можно покашеста. Сега Ана јади лепче намачкано со крем,макарони,бурек,....јадењето трае 5до 10 минути , не се засркнува воопшто и валкаме најмногу 1 лигушник. Животот на Ана е многу олеснет а со тоа и мојот. Постојаните повраќања, скоро исчезнаа .Така што сега не ја преслекувам по 4 пати на ден како по рано. Олеснет е процесот одење на гости, веќе не мора да носам цела торба алишта. Мислам дека и не треба да споменувам колку и полесно сега на Ана без тие чести повраќања.
Имаме и подобрувања во спиењето, во дишењето,во шлајмот кој веќе го нема , освен кога е болна, многу е погласна од порано, ги поврзува гласовите, степенот на комуникациај се зголеми...
И сето ова го добивме само од вежби за гради, стомак , врат , а моментално работиме и вилица и глава.
Кога седи во количка веќе не е како здрвена. Има одлична контрола на глава, нема ограничувања во аголот на вртење, и плус може да се оддели од количката со грбот. И нешто кое толку многу го вежбавме пред АБР а не успеавме да го добиеме, почна да ги крева рацете кога е во седечка положба. Ние тоа толку многу го вежбавме, толку ги кревавме рацете на Ана , со цел да научи Ана да ги крева рацете, ама до пред АБР не успеавме.

Кај нас
подвижноста на раката се остварува преку рамениот зглоб, ние кога ја креваме
раката нагоре, таа само се врти во зглобот. Кај Ана кога и ја кревавме
раката го влечеме и цел граден кош сосе
ребра нагоре.
Затоа Ана не можела да ја крева раката кога е во седечка положба,
не дека требало да научи,едноставно структурата на телото тоа не го
дозволувала.. После 9 месеци веќе имаме извесна стабилизација.
Сега кога ја
креваме раката ребрата се стабилни, но сега имаме придвижување на лопатктата.
Наредна фаза е стабилизација на лопатката ,и добивање подвижност од рамениот
зглоб како и кај секое човечко суштество.
За тоа зборува АБР, отстапки во структурата на телото, слабост пристутна насекаде низ телото, од сите органи, сите ткива , слабости кои доведуваат до ограничувања.
За тоа зборува АБР, отстапки во структурата на телото, слабост пристутна насекаде низ телото, од сите органи, сите ткива , слабости кои доведуваат до ограничувања.
Градниот кош на Ана можеше буквално
да се згмечи на пола.
И можам да пишувам уште многу, но не сакам да бидам досадна. Целта ми
беше да ви објаснам како со помош на АБР
се менува структурата на телото, и како тие структурални промени придонесуваат
и за функционални промени. Промените кои се добиваат се во сите аспекти, од
општа здравствена состојба, што се разбира е приоритет, па до подобрувања во
психичкиот и моторичкиот дел.
Ако со другите методи се трудиме да го извлечеме максимумот од детето , со АБР тој максимум го зголемуваме. И каде е крајот?!Нема крај. Се дури се работи подобрувања ќе се добиваат.
И тоа е нешто кое ми дава голема надеж и утеха.Пред мои очи Ана се менува од ден во ден, од недела во недела од месец во месец.Многу работи останаа зад нас, уште многу предизвици стојат пред нас. Освојуваме, исто како што алпнистите го освојуваат Монт Еверест, база по база.Секој ден , со секој изработен саат, сме понапред од претходниот ден, секој месец и секоја нередна година Ана ќе биде подобра од претходната. Сега имаме пат за напред.
Не е лесно, но барем не е невозможно.

Извештајот на Ана во Март 2011
ПРЕВОД
ПРВА СТРАНА
Ниво на потпора(помош) при седење
Декември 2009
Целосна потпора (придржување под рамена ) Со придржување по рамена Ана може да се задржи во седечка положба
Долен граден кош( ако рацете се спуштат подолу кон долниот дел од градниот кош ) Ана паѓа на напред, не може да се задржи исправена во седечка положба
Горен стомак ( ако се придржува кај стомакот )седењето е невозможно .
Октомври 2010
Ана покажува поголема цврстина во седечка положба.
Кога потпората се спушта кон долниот дел од градниот Кош, Ана може да се задржжи во седечка положба. Може да го одржува своето тело во седечка положба дури и со придржување за една рака.
Кога потпората се спушта кај стомакот, настанува нестабилност .
Март2011
Ана е стабилна при седењесо потпора кај горниот дел од стомакот.
Кога потпората се спушта кај долниот дел од стомакот, сеуште постои извесна нестабилност.
Седечка положба
Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се забележуваат промени во горниот дел на телото, зајакнување.
Стомакот е зајакнат.(и волуменски зголемен), што резултира со помала закривеност на р бетот .
Предниот дел од телото е исто така зајакат .
На задниот дел од телото(грбот) сеуште постои изразена ригидност(крутост).
ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА Ctrl++ |
ВТОРА СТРАНА
Стабилност на рамениот појас
Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се забележуваат промени во стабилноста на рамениот појас.
Јасно изразената компесија на горниот дел од градниот кош значително се намалена.
Март2011 Јасно изразена стабилност на рамениот појас при подигање со држење под рамена.( ако на втората слика, рамениот појас оди на горе и ана буквално потонува со вратот во градниот кош, на третата слика јасно се гледа дека тоа потонување веќе не е можно)
Одржување тежина на лакти
Одржувањето тежина на лакти е илустарција за јачината на рамениот појас и врската помеѓу таа стабилност и контрола на главата.
Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се забележува напредок
- Подобрена контола на главата
- Може да ја држи главата крената доста долго време, без да и падне
- Независни (селективни ) движења( флексија, екстензија, ротација ) на рамениот појас
2. Подобрена стабилност на рамениот појас
-Може да се задржи на лакти подолго време
-Може да се одржи во таа положба дури и кога телото го подигнуваме од клупата
Забелешка Одржувањето на тежината на лактите сеуште е заради ригидноста на рамениот појас.
ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКA Ctrl ++ |
ТРЕТА СТРАНА
Одржување тежина на градниот кош
Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се забележуваат неколку подобрувања
- Намалена ригидност на грбот. Во Октомври 2010 и март 2011, ана веќе може да се виитрка, при летечки тест.Зголемена флексибилност на рбетниот столб.
- Март2011 Контрола на глава, независна од останатиот дел од телото.Може да ја двжи главата слободно кога се е дигната со подршка под граниот кош.
- Намалена компресија на градниот кош.
Сегментација Торакс/ долен дел од рбетот
Сегментацијата на долниот дел од рбетот илустрирана е преку независната подвижност на горниот од долниот дел од телото. Ова е од исклучително значење за рамнотежата.Со таа сегментација се добива и поголема подвижност.
На сликата илустрација на сегментацијата е цртките кои се јавуваат на кожата кај долните ребра.
Забелешки
Овие подобрувања настанаа како резултат на зголемувањето на волуменот на стомакот , зајакнувањето на стомакот инамалената ригиднист на овој дел од телото.ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА Ctrl ++ |
No comments:
Post a Comment