Tuesday, June 26, 2012

Aлпеј - хемипареза


Алпеј почна со АБР во Март 2011 година. Неговата мајка, сама со своите две раце,успеа да сработи неверојатни 900 саати за 1 година. И погледнете ги резултатите. Извонредни промени, човек да остане без зборови.






                         МАРТ  2011









Април2012
 Имате ли зборови? Или останавте со подотворена уста?! Кога прв пат ги видов споредбите, јас останав со подотворена уста, со многу емоции и без зборови..
Вратот толку убаво се издолжил, клучните коски станаа видливи и се повеќе се приближуваат кон нормалната положба, рамената се спуштени. И убавиот Алпеј од Март 2011 година , морате да признаете стана усште поубав.Ликот доживеа голема трансформација 
МАРТ2011


















АПРИЛ2012

На сликите набљудуваме: издолжување на вратот, зголемување на волуменот на градниот кош, опуштање на рамената и видлива промена на брадата и подбрадокот.Се разбира и многу поубав профил.Алпеј има уште многу структурални промени , но сигурна сум дека сите сте заинтересирани за функционалните промени. Подобрен е говорот, функцијата на рацете, подобрена е рамнотежата и на следните слики ќе видите колку е  подобрено одењето.Во Март 2011, Алпеј оди со искривување на цел гбр, карлицата потонува во лумбарната регија. И еден интересен детаљ, Алпеј одеше по дијагонала. започнуваше да оди од еден крај на собата и не можеше да оди по права линија. Во Април 2012 година имаме сосема поинаква слика. Грбот ...да , кога гледам и сама не можам да си поверувам,грбот е неверојатно променет. Опуштен раширен и исправен. Се разбира сеуште имаме извесно потонување на карлицата во лумбарната регија, но разликата во однос на Март 2011 година е повеќе од очигледна. И за разлика од Март2011 година, во април 2012 година Алпеј одеше по права линија. 
Мислам дека сликите кажуваат доволно. Секој понатамошен коментар е излишен. Можам само да и честитам на мајката на Алпеј за одлично сработената домашна задача. Само напред, границата е до без граници.



 МАРТ2011
                                                                                           АПРИЛ2012

No comments:

Post a Comment