Monday, November 21, 2011

Филип, 17 - после една година АБР

        Секогаш сум бил искрен, па ќе пробам таа особина да ја пренесам и преку оваа статија. Во моментот кога дознавме за АБР јас имав неполни 16 год. Да напоменам дека сум дете со церебрална парализа. Всушност, јас во тој правец, сакам обично да кажам дека Господ сакал да не испрати кон таа насока. Дедо ми, онака пензионерски, си вртел по ТВ каналите и некаде начекал реклама, дека во Охрид, на таа и таа дата има предавање за некоја метода за лечење на деца со пречки во физичкиот развој, ако можам така да кажам. И цела фамилија знаеше дека петок се оди за Охрид. Ја дознав всушност последен за поводот за одење. И дојде мајка ми Битола, јас бев во тоа време на роденден, ме собраа со колата и правец Охрид. Го најдовме хотелот, најдовме во која сала е предавањето, влеговмме и некако се сместивме, бидејќи беше преполно внатре. Јас би рекол од 1 до 101 година. Заврши предавањето, требаше да се закаже и преглед. Арно ама, прегледот освен што чинеше 1520 евра, кои требаше да се платат другиот ден сабајле, требаше да се вметнам и меѓу други два термини, бидејќи требаше па да заминам за Прилеп. Се најде некако пари во моментот и отидовме на преглед. Ме тераа да лазам, да одам, да се вртам, и што ли уште не. На крајот од прегледот, како што веќе споменаа и повеќе пати пред него, уште еднаш повториа дека овој процес бара многу време, многу работа, многу упорност и бара МИНИМУМ 2 саати работа на ден. По автоматизам ова бара многу откажувања од голем број лични задоволства, како што се излегувања, седенки и многу други работи кој самиот тинејџерски живот ги бара. Во овај дел би истакнал и дека мора да се усогласи твоето слободно време со слободното време на твојте родители, што е дополнително оптоварување, лично за мене. Полека се навикнувавме на условите кои ги наметнуваше самата терапија. Првите 6 месеци 3те саати влегуваа во 2 временски бидејќи две вежби се работеа во исто време. По негде 100 саати, јас самиот почувствував промени во многу ситни работи за некој од страна, но за мене беа многу важни. Почнав да го затворам позорецот на колата без проблем, почнав чаша полна со вода да ја принесувам до устата без притоа да ја истурам. За 6 месеци од бараните 300 саати, ние имавме 360. Вторите 6 месеци беа малку потешки, бидејќи се работеше на 3 различни места и 3 саати на ден беа многу, земајќи во предвид услоите од околината(школо,излегувања,учење...). Затоа за време на школската година работевме по саат и половина. За време на летниот распуст, некаде 1 месец, работевме и по цели 3 саати. Бидејќи сум во тие години, морам повторно да го спомнам лишувањето од дел од задоволства, особено во летно време. Помина и тој период и дојде време повтрно да одиме на контрола. Е таму чувството мое не можеше да се опише. По завешувањето, самите Белгијци ми дадоа епитет како еден од најдобрите случаи воопшто. За мене, а нормално и за цела фамилија, тоа беше една од најубавите вести што сме ги слушнале досега. Лично, јас, се чувствуав најсреќно на целиот свет. Еве и оваа година продолжуваме со АБР. Сите околу мене се задоволни и среќни.
Да споменам и нешто околу промените во текот на моето дружење со АБР. АБР како и впрочем секоја ваква метода, не е магично стапче од цртаните филмови кое за миг се ќе претвори во розов свет и сите среќни и задоволни ќе си живеат до крајот на животот. Првиот период од ова дружење, чувствував промени внатре во мене. Ова чувство јас го нарекував фикс идеа која ми се појави од самата желба и помисла на подобро. Како времето истекуваше, таа фикс идеа стануваше реалност. Ме мрзи да го прегледувам целиот текст, па ако се повторам некаде, не ми замерувајте. Јас почнав без проблем да затварам прозорец од кола. Почнав чаша полна со течност, да ја принесувам до уста и повторно да ја враќам назад, без капка да ми се истури. Ќе заборавам ако не споменам и дека почнав да чувствувам и промени во пишувањето. Веќе ги нема оние слизнувања на пенкалото и секоја 10та буква да биди како со гранки. За брзина на пишување не би можел да зборувам, бидејќи јас сум јас. А кога го правиш нештото постојано, помалку можеш да ги забележиш промените и грешките. Исто така добри промени забележувам и во рамнотежата, каде што сеуште има некогаш некој отстапувања од онаа замислена оска, но не е ни оддалеку тоа што беше некогаш. Морам да се пофалам дека почнав да возам и кола, каде гледано од аспект на промени и подобрувања, имам многу поголема усогласеност меѓу моторниот и умствениот дел, а тоа е многу битно, не само кај ваквите случаи како мене. Може да сум заборавил нешто, но се надевам дека нема да ми го земете тоа за минус.
Без лице, без маска, без ништо...АБР дава резултати. Мора едно нешто да напоменам. Оваа работа бара гоооооолема упорност и истрајност. Без овие две особини, и кај пациентот и кај тие околу него, би ве советувал, иако имам 17 години, да не се ни почнува со ова. Како што веќе напоменав, овој процес не е магично стапче кое ќе го промени животот во неколку мига, но најбитно е дека резултати има, а тие се видливи. Од мене толку. Доколку има некој заинтересиран за повеќе, обратете се кај тетка Весна, таа ќе ви даде и телефон и се што треба, а јас ќе бидам среќен ако помогнам, убедам, или на било кој начин допринесам за доброто на некој.

2 comments:

  1. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  2. Блгодарност до Филип за споделеното искуство. Тоа што јас сакам да го споделам со вас е моето АБР искуство со Филип. Прво морам да кажам дека Филип е еден прекрасен млад човек, многу добро воспитан , многу културен и многу пријатен.А такви се и мама, тато и најважниот во целата приказна дедото.
    Бидејки бев присутна на проценките на Филип би сакала да додадам ека Филип има подобрувања во говорот- зборува побрзо ,без некои паузи меѓу зборовите, а претходното паузите траеаја и по неколку секунди, пишува побрзо, во Октомври 2010 името и презимето го пишуваше за 20 секунди, сега за 12 секунди, многу е тешко човек да го турне, има многу добра рамнотежа, Криста баш се изнамачи да го турни, а тој не паѓаше, што би значело дека добил на рамнотежа итн...
    АБР мене ми е нешто кое можам да го наречам љубов. Тоа е нешто кое апсолутно ме исполнува и ми подарува многу благородни моменти. На проценката на Филип доживеав еден таков момент, кој ќе ми остане врежан во сеќавањето засекогаш.Ќе ви раскажам.
    Во октомври 2010, на првата проценка им беше кажано дека се очекува за една година Филип да почне да скока,со двете нозе да се одлепува од земјата. Пред проценката сега во октомври 2011, мајката на Филип ми кажа дека со скокањето уште ништо. И така, го испосликаа Филип, и дојде време зе тестот скокање. И знаете ли што се случи, на огромно изненадување на сите Филип почна да се одвојува од земјата, луѓе тој
    с к о к а ш е . За прв пат во неговиот живот и јас бев сведок на тоа. Ја знаете ли радоста која толку ви ја полни душата што навираат солзи и недостига глас за збор, таа радост беше присутна во собата во тој момент,се разбира најмногу кај мама и дедо.Не можам да ви опишам какво е тоа чувство, еден прекрасен трепет на душата,миг за паметење.

    ReplyDelete