Еве ги подобрувањата кои ги добивме со Ана после 4 месеци АБР.
Мојата најголема радост- Ана почна да се дига на подлактици .Пред АБР положбата на стомак и беше ужасно тешка , не сакаше воопшто да лежи на стомак, многу плачеше.Коментарите кои ги добивав беа дека Ана е мрзлива , дека не сака да се потруди затоа плачи.Кога почнавме со АБР престанав со сите други терапии.Се покажа дека Ана не сакала да лежи на стомак заради тоа што телото и било слабо и плачела само заради тоа што и било неудобно кога лежи на стомак , а не заради тоа што била мрзлива.Кога со АБР го зајакнавме телото, Ана почна удобно да се чувствува легната на стомак, и почна да се крена на подлактици.
Рацете на Ана се послободни од порано, спазамот намален, а со тоа и подвижноста на рацете е зголемена.На клипот во постот " Како Ана прави здраво" можете да видите како Ана се обидува да направи здраво .И покрај тоа што не е совршено, претходно и тоа го беше невозможно.
Кога седи во количката Ана е многу поподвижна од порано, може да го движи телото лево, десно.Да се наведнува нанапред и да се исправа, а предходно седеше како здрвена.
Психички е многу подобра од порано,вниманието е далеку подобро од порано, пољубопитна е, сака се да види и се да проба.Многу е погласна од порано . Ужива во приказните кои ги читаме и многу сака да и кажувам песнички.Дури и повторува по мене , на нејзин начин , се разбира.
Структурата на телото се промени.Стомакот се оддели од градниот кош.Претходно стомакот беше како во дупка, а градниот кош издигнат како бочва.Сега градниот кош стана поспуштен , а стомакот поиздигнат.Рамениот појас се промени.И покрај тоа што има уште многу работа среќна сум што конечно добиваме вистински резултати.
Има и други подобрувања, многу побрзо јаде од порано,како резултат на подобрено голтање, шлајмот е намлен, спиењето е подобрено.....
Пред нас е уште многу долг пат, но сознанието дека се наоѓаме на вистинскиот пат ме прави неизмерно среќна и ми дава сила да се борам заедно со Ана.
No comments:
Post a Comment