Драга Весна,
Ова е нашето искуство со ABR.
Сo ABR вежбите пoчнавме во јуни 2009 година, кога Никола имаше 3 години и 2 месеци.
Инаку со физикална терапија почнавме кога Никола имаше 27 дена и ние интензивно вежбавме се додека не почнавме со ABR. Морам да споменам дека одевме на вежби во специјалната болница за церебрална парализа во Белград, дома ни доѓаа и приватни терапевти за вежби и плус и јас вежбав со него, но не добивме никакви резултати. Работевме вежби по Vojta и Bobath метод. Дијагнозата на Никола е CP-kvadripareza, форма микс.
Во клиничката слика доминира со силен асиметричен тоник-рефлекс и хиперекстензија на вратот.
Кога го стававме да лежи на стомак веднаш ја вртеше главата на десната страна, го подигаше задникот и во таа позиција остануваше заробен,немоќен за било каква активност , дури ни, јас со моите раце, не можев да му ја завртам главата на левата страна поради тоа што е тој асиметричен рефлекс беше толку силен што автоматски ја вртеше главата на десно. Ако сакавме во таа позиција да ја крени главата морав да му ставам задникот вреќа со 5 килограми песок за да не може да ја подига карлицата, но поради тој силен рефлекс му успеваше дури и со вреќата да го крене задникот.
По еден месец со ABR вежбите забележав дека кога Никола лежи на стомак спонтано ја врти главата на левата страна, и дека може да лежи на стомак без да ја подига карлицата нагоре. Сега може да се дури и самостојно да се подигне на подлактици и дека од таа позиција да се заврти на грб. Сеуште не може самостојно да се заврти на стомак, но понекогаш успева.
Рацете му се повеќе подвижни , ослободени се движењата од рамениците, па сега може да се фати нешто.И покрај тоа што тоа не е совршено фаќање , сепак успева .Претходно , пред АБР никола се однесуваше како воопшто да нема раце. Контрола на главата и телото се многу подобри, бидејќи е трупот му е зајакнат . Во сите положби во кои го поставувам , го поставувам многу полесно од порано, а и може да се одржи со мала помош да се одржи во поставента положба.
На првата процена во јуни минатата година, кога Леонид се обиде да го постави да седи на работ од креветот Никола беше една штица, укочен во рацете и нозете и се зафрлаше со главата и трупот наназад. Сега е веќе друга приказна, Кога го поставувам на работ од креветот ги витка нозете во колената, ја подига главата и седи со моја помош, така што јас го држам за раце или под мишките . Hiperekstenzija почна да се повлекува, па повеќе не се зафрла наназад. Сега е повеќе заинтересиран за игра, бидејќи на некој начин може да учествува во играта, среќен е кога нешто ќе направи сам , постојано испушта звуци, многу повеке од порано. Претходно, тој не можеше дури ни во инвалидска количка да седи, постојано беше полулежечка позиција .Сега , седи во инвалидска количка нема проблем.
Постојат и други подобрувања кај Никола но навистина не можам баш на се да се сетам во моментов. Јас сум многу задоволена со ABR и во моментов е единствената терапија која ја применуваме за Никола . Ќе продолжиме да работиме АБР бидејќи е терапија која дефинитивно дава повеќе резултати.
Јелена.
No comments:
Post a Comment