Tuesday, September 28, 2010

Иван после 9 месеци АБР

AБР и говорот




АБР или Advanced Biomechanical Rehabilitation има уникатен пристап кон проблемите кои ги имаат децата со посебни потреби.За прв пат на полето на рехабилитацијата се јавува метод  со која сите деца добиваат трајни подобрувања, терапија која нуди напредок без граници.
Сите лица со посебни потреби , со посебен акцент на лица со церебрална парализа имаат проблеми со говорот. Најголемиот проблем е отсуството на говор, а најмалиот проблем во говорот е неможноста да се изговорат некои букви или лицето зборува потивко,гласот нема доволно јачина , и е релативно монотон.Од каде доаѓаат тие проблеми.
Човековиот апарат за говор го сочинуваат стомачната празнина, дијафрагмата, белите дробови, дишникот,   голтката , гласните жици, усната и носната празнина,јазикот, вилицата , мускулите на лицето, носните синуси.
Заради пореметеност на структурата на горенаведените делови, говорот кај лицата соп ЦП  или воопштио не постои, или е ограничен.
Многу често велиме дека овие деца зборуваат со очите.Некои од нив се многу паметни, разбираат многу, и кога ќе ги погледнеме во очи ни се чини дека во тоа тело е заробена личност која сака нешто да ни каже но едноставно не може.
Каде се отстапките во структурата.Секаде, почнуваат од главата и продолжуваат низ целото тело. Поврзувањето на косите од черепот т.н. шевови не се наместо, челната , тилната , слепоочната коска се изместени, заврени и како резултат, се јавуваат деформитети не само на главата туку и на вилицата.Така ако кај здрав индивидуа крајот на вилицата се наоѓа два прсти под завршетокот на увото, кај овие лица тој завршеток е изместен.Вилицата има сосема поинаква форма , затоа меѓу другото се јавуваат и проблеми со џвакање.Заради краткиот врат, коренот на јазикот е многу повисоко поставен па многу често јазикот е надвор од устата.Тоа не е невролошки проблем, просто и едноставно, заради тоа што корeнот се наoѓа повисоко, на јазикот му е најудобно во таа положба.
Адамовото јаболко е исто така многу високо поставено, а гласните жици кои се наоѓааат во вратот ја немаат потребната должина и јачина.
Белите дробови, ја немаат потребната големина , па градниот кош е е испакнат (бочваст) и тропа како во празно, или е премногу сплескан.Просторот помеѓу ребрата е намален, а долните ребра се испакнати, стомакот пропаднат како во дупка.Карлицата е тесна и завртена.....Тоа е еден дел од таа општа слика на телото на лице со ЦП.
АБР во првата фаза , работи на зголемување на белите дробови, издолжување на вратот и подобрување на ссостојбата на стомакот.
Со ширење на белите дробови, се зголемува нивниот капацитет, со тоа  настанува една од најважните промени, повеќе кислород оди во крвта, повеќе кислород стигнува до мозокот, со тоа децата се побудни, посвесни и поконцентрирани, вниманието се подобрува. Основен елемент за појава на говорот е токму вниманието.
И не само тоа.Кислородот е вежен елемент во сите биохемиски процеси кои се одвиваат во организмот.Па затоа и метаболизмот на клеткаат се подобрува.
Со АБР вежбите за врат, во првите 6 месеци  се добива издолжување на вратот  и започнува зајакнувањето на гласните жици.Со тоа после минимум 300 саати работи, гласот се прочистува, се јавуваат нови гласови, а кај некои деца и говор.Што точно ќе се добие , зависи од состојбата во која се наоѓа личноста  во моментот кога почнува со АБР.Затоа велиме дека резултатите од АБР се однапред предвидливи.

АБР не е магија.Тоа е нешто кое мора сите да го знаеме. Потребни се часови и часови работа. Но, со упорност, истрајност и посветеност, се добиваат прекрасни резултати кои никогаш не се губат.

Wednesday, September 22, 2010

До функција преку нормализирање на мускуло-скелетниот систем

АБР информативна сесија 8 Октомври 2010, 19 часот хотел Royal View

Контакт на тел. 071 294 551 ,
е-mail : gasovska@hotmail.com

Што е АБР?

АБР е скратеница од Advanced Biomechanical Rehabilitation.
Тоа е всушност терапија развиена од рускиот пронаоѓач Леонид Блум.
АБР нуди техники за трајно структурално опоравување на мускулоскелетниот систем . Преку нормализирање на мускулоскелетниот систем , функциите се развиваат нормално и спонрано.За АБР техника родителите на деца со ограничувања во псхимоторниот развој добиваат соодветна обука, а резултати се добиваат со секојдневна работа по неколку часа на ден.

Кому може АБР да помогне?
АБР е за родители кои не се задоволни од состојбата во која се наоѓа нивното дете, за оние родители кои сакаат да го oслободат сопственото детето од оклопот во кој тоа е заробено.АБР е за родители кои се спремни да работаат со своето дете со цел да му го подобрат животот.
АБР може да се применува за лица со мозочна повреда или некаква девијација на мозокот, состојби како што се
церебрална парализа
проблеми со говор
аутизам
хиперактивност
микроцефалии
спазми
даунов синдром
епилепсија
повреди на глава
мозочен удар
сколиози
рет синдром
предвремено родени бебиња
оштетувања предизвикани од вакцина
повреда на р бет
.......

Зошто АБР се разликува од другите терапии?

Основното прашање што го поставуваат родителите кои ја посетуваат нашата веб страна е Која е разликата меќу АБР и останатите терапии?
АБР проблемот го од поинаков аспект.
Додека со сите други терапии , целта е да се извлече максимумот од детето со таа структура на телото што ја има,да се добие некаква функција, АБР го прави обратното. АБР прво ја зајакнува и опоравува структурата, го нормализира мускуло-скелетниот систем.Преку нормализирање на мускуло-скелетниот систем , функционалните промени (контрола на глава,контрола на трупот,седење, лазење, одење итн. ) се добиваат спонтано, како и кај секоја здрава личност.
Резултатите кои се добивата со АБР се трајни и никогаш не се губат.За АБР не постои возрасна граница.Подобрувања добиваат сите пациенти без разлика на возраст и состојба.

Saturday, September 18, 2010

Пациент со повреда на р бет (има превод)




А ова е Стив после 10 години АБР. http://www.spinalroots.net/mystory.htm