Вчера бевме на роденден кај Јуле и пријатно се изненадив од мојата Ана.
Пред само 7 месеци бевме на роденден кај внук ми , во игротека со гласна музика и уште погласни деца.Пред 7 месеци со Ана седевме на посебна маса, Ана плачеше од вревата и се плашеше ако некој и се приближеше.За јадење имаше пица , нормално Ана не можеше да јади пица.Тоа тогаш за нас беше научна фантастика.
По само 7 месеци на роденден кај Јуле, Ана беше друго дете.Седевме на маса со сите деца, изеде цело парче пица, пиеше сок од чаша , јадеше торта и беше пресреќна.
Децата викаа, музиката трештеше , всушност се знае како изгледа еден детски роденден, а Ана се пратеше со големо внимание,ништо не и сметаше.Стравот од пред седум месеци исчезна, па дури и дозволи на Јуле да ја изгушка .
No comments:
Post a Comment