Wednesday, June 13, 2012

Истегнување кај децата со церебрална парализа - за или против


Истегнување- да или не- преведено од англиски од ТУКА
Ова дефинитивно би го класифицирале како жешка тема.
 Во однос на истегнувањето, секој школа има свој став, и за секоја нејзиниот став е се разбира најдобар.Да се истегнува или не, добро е , не  е добро...една постојана тема за дебатирање.  И јас секако имам свој став на оваа тема , но сметам дека е подобро секој да си изгради сопствен став, базиран на анализа на фактите кои ги има.
А за да имаме факти треба добра анализа на состојбата. Конкретно, церебрална парализа. Дали истегнувањето е добро или не?
Баш и нема некоја потреба да се дефинира поимот истегнување, тоа е нешто што јасно се знае што е.А зошто се прави? Целта на  истегнувањето е да се издолжи одреден мускул или одредена група мускули.И ова нешто е многу јасно,со истегнување се постигнува издолжување. Ништо посебно за размислување. Доаѓа некако интуитувно.
Но тоа што не е толку интуитивно е фактот дека самите мускули се вградени, вклопени во една мрежа од сврзно ткиво...кое пак понатаму продолжува во тетива, а тетивата пак преку уште еден слој сврно ткиво кој ја обиткува коската и се вика периостеум , се поврзува со коската.
Значи, мускул- сврзно ткиво- тетива- периостеум – коска. А периостеумот пак понатаму продолжува во целовитоста на сврното ткиво, и на тој начин имаме еден непрекинат  кинематички синџир.
Што би значело,  дека е невозможно селективно да се издвои мускулот од сврзно ткиво. Тие се една нераздвоива целина.Од тука следува дека, преку истегнувањето мускули, се истегнува еден цел систем (мускул, епимисиум, перимисиум, фасциа, тетива, лигамент, периостеум итн.....)
За понатамошно подетално анализирање на истегнувањето би сакал да ги дефинирам поимите мускул и сврзно ткиво. Мускул е ткиво составено од групи(снопиви) клетки кои имаат способност преку контракција и релаксација да произевадт движење. Сврзно ткиво,  е ткиво кое се развива од месодермот на ембрионот , се состои од колаген или еластични влакна , фибробласт, масни клетки, итн. Има желатинозна структура .Ги обвиткува органите , ги пополнивата празнините меѓу нив. Тетивите и лигаментите се сврзно ткиво.
И сега доаѓаме до потребата за дефинирање на функциите на мускулите и сврзното ткиво.  
Но дали   била истата дефиниција за нормален мускул и спастичен мускул(кај лица со церебрална парализа)  Би требало , нели?! Мускул е мускул , фасциа е фасциа.

За жал тоа не е така. Во прилог имам поставено  ЛИНК    до една многу интересна и исклучително информативна студија , изведена со цел да се одредат сличностите и разликите меѓу нормален мускул и спастичен мускул, спастично и нормално сврзно ткиво , како и разлките во самите клетки и снопови клетки.Студијата произлезе како резултат на соратботката меѓу одделите за ортопедија и хургија на две универзитетски болници од Калифорнија и Шведска.  .Ви препорачувам да ја прочитате, а тука ќе ги набројам заклучоците кои произлегоа од студијата.
            1.   Клетките и врските во сноповите кај нормален мускул беа до 16 пати појаки
            2.     Силата на мускулното влакно кај спастичен мускул е поголема отколку кај нормален        мускул. 
             3.Сврзното ткиво е до 43.5 пати послабо!!!!!!!
После ова нормално се поставува едно основно прашање:Како е можно спастичниот мускул е посилен од нормалниот мускул  кога сврзното ткиво кое е составен дел од него е 43 пати ПОСЛАБО. ...што всушност се случува кога истегнуваме одреден мускул кај лица со церебрална парализа. Мој логичен заклучок е уште поголемо ослабување и дестабилизирање на веќе слабиот систем од сврзно ткиво.Секако дека би го променил мислењето доколку постојат факти кои бе ме убедиле во спротивното.  Во наведената студија има и многу други интересни детали, како на пример , должината на мускулното влакно кај спастичниот мускул е помала. За оние кои имаа интерес да прочитаат повеќе документот можете да го превземете од тука. 

Во септември 2011 година излезе една студија изготвена од тим научничи од Германија,Белгија и  Велика Британија, со наслов пасивното истегнување може да предизвика трајно зголемување на спастицитетот . Текстот можете да го превзете од ТУКА.

No comments:

Post a Comment