Wednesday, June 23, 2010

Неурогенеза на мозокот



Мозокот е најсложениот дел од човечкото тело.Тежи околу 1,5 килограми и е гнездо на интелегенцијата , интерпретатор на чувствата, иницијатор на подвижноста на телото ,контролор на однесувањето.Лежи во коскена школка и постојано се плакне со заштитна течност .Мозокот е извор на сите квалитети кои го дефиниринираат човекот.Мозокот е крунски дијамант на човечкото тело.
Векови наназад , научниците и филозофите се фасцинираа од мозокот ,но се  до скоро мозокот беше третиран како скоро неразбирлив.Денес мозокот почнува да ги открива своите тајни.Во последните неколку декади научните открија и научија толку работи за мозокот колку што не успееја да научат во претходните векови.Тоа се должи на  забрзаниот развој на неврологијата и бихевиоралната наука како и на развојот на новите истражувачки техники.На чело на овие истражувања е националниот институт за невролошки растројства и мозочен удар(NINDS) кој ги води и поддржува научните студии во Америка и низ светот.

До неодамна , невролозите сметаа дека со раѓањето човекот ги добива сите нервни клетки кои му се потребни за цел живот.Во детството можно е да се продуцираат некои нови неврони кои ќе помогнат во изградбата на  патишта за комуникација помеќу различни делови од мозокот.Тоа во што веруваа научниците е штом еднаш се направени тие патишта , додавањето на нови неурони може само да го наруши протокот на информации и да го онеспособи комуникацискиот систем на мозокот.

Во 1962 година научникот Џозеф Алтман прв го заниша ова верување.Тој откри  докази на неурогенеза(раѓање на нови неурони) во хипокампусот на возрасен глушец.Подоцна тој изнесува дека новонастанатите неурони патувале од местото на настанување во хипокампусот до другите делови на мозокот.
Во 1979 друг научник, Мајкл Каплан  го потврдува откритието на Алтман , и во 1983 година открива претходници на неурони во големиот мозокот на возрасен мајмун.

Овие откритија ги изненадија научните , кои не веруваа дека истата неурогенеза е можна и во човечкиот мозок.Но во раните осумдесетти , еден научник кој се обидуваше да открие како птиците пеат , своето истражување го насочи кон неурогензата на возрасен мозок кај птиците.И така , после серија експерименти Фернандо Нотебохн и неговиот истражувачки тим покажаа дека бројот на неурони во големиот мозок на мажјакот канаринец драстично се зголемува во сезоната за парење.Тоа зголемување се случувало во време на парење, кога канаринецот морал да научи нови песни, за да биде попривлечен  за женката.

Зошто мозокот на птиците додава нови неурони баш во тоа време кога треба да се учат нови песни? Нотебохм верувал дека тоа е така заради тоа што во новите неурони  ќе се зачуваат новите песни и ќе направат нови патишта во големиот мозок кој е одговорен за сложените функции.Овие нови неурони го овозможуваат учењето.Ако птиците можат да создаваат нови неурони кои ќе му помогната да учат и запомнуваат нови работи, Нотебохн помисли дека и мозокот на цицачите ја има истата способност.
Другите научници веруваа дека тоа не е можно кај цицачите, но Елизабет Гоулд подоцна открива докази на новородени неурони во различни делови од мозокот на мајмуните, а Фред Гег и Петер Ериксон покажаа дека возрасниот мозок на човекот може да произведе нови неурони во слични делови од мозокот како кај мајмунот.

За некои научници , неурогенезатакај возрасен мозок е сеуште недокажана теорија.

No comments:

Post a Comment