Како што животот не е бајка така и ABR не е магија , но сепак нуди реално решение за состојби кои на некои луѓе животот им го прават вистински кошмар.
ABR е единтсвена програма за рехабилитација за деца и млади со церебрална паралиа и други состојби кои настанале заради повреда на мозок , изградена врз биомеханичка основа. Од биомеханичка гледна точка церебрална парализа е нарушување на движењата и држењето на телото.Ако одблиску ги набљудуваме горенаведените состојби ќе видиме дека децата немаат проблем само со движењето.Многу често овие состојби ги пратат долга листа на други проблеми пневмонија, констипација, проблеми со дишење, дигестивни проблеми,отежнато џвакање на храната,отежнато голтање,чести повраќања,проблеми со говор....Зошто е тоа така?Одговорот на ова прашање го дава ABR.Во првите 48 часа после мозочен удар најмногу страдаат меките ткива од мазната мускулатура на внатрешните органи кои се наоѓаат во трупот.Всушност сите органи , освен срцето кој е напречно пругаст муслкул, се мазни мускули.Миофациата, претставува еден вид мембрана која ја одржува формата на целото тело и е директно одговорна за нормалната сосотјба на мускулоскелеторниот систем(ефект што го има и белузлавата мембрана на грејпфрутот).ABR главниот акцент го става на јакнењето на миофацијата и сите меки ткива од органите кои се наоѓаат во трупот.
Целта на ABR е опоравување на моторните функции спонтано,преку обновување на мускулоскелеторниот систем и повраќање на био-електричните сигнали кои протекуваат помеѓу мускулите и мозокот.
Најголем број од постоечките методи за рехабилитација се состојат од специфични вежби за раце и нозе, чија главна цел е да се добие каква таква функција.Многу често резулатите се минимални,а функциите секогаш имаат ограничувања.Ограничувањата настануваат заради состојбата во која се наоѓа мускулоскелеторниот систем.
ABR покажува дека нормализирањето на мускулоскелеторниот систем ќе доведе до моторна функција . ABR смета дека потребните информации за биомеханичка рехабилитација се запишани директно на мускулоскелеторниот систем.
ШТО Е ABR?
Кај лицата со церебрална парализа и други состојби , проблемот не есамо во подвижноста на екстремитетите.Проблемот е во целото тело и во сите сврзни ткива. Основните структури на телото како вратот,трупот и абдоменот имаат намален волумен и намалени пропорции, а тоа неизбежно води до слаба функција на екстремитетите.
Зошто е тоа така?
Замислете една топка со линии во ширина и должина.Кога топката е надуена линиите имаат убава форма.Ако ја издишиме топката убавите линии ќе се извиткаат и заплеткаат.На ист начин е погодена структурата на телото на лицата со посебни потреби.Преку ослабувањето на мускулатурата на внатрешните меки ткива, значително се пореметува врската меѓу коските и зглобовите.Коските и зглобовите служат како рамка на целокупната телесна структура, тие се нејзина потпора.
Со нарушување на нивната нормална положба доаѓа до деформирање, искривување на соодветните мускули и нерви кои го пратат скелетот.Крен резултат- мускулите не можат правилно да го спроведат електричниот сигнал кој доаѓа од мозокот, а со тоа и целокупното управување на телото преку централниот нервен сиситем станува невозможно.
ABR нуди решение за поширок спектар проблеми како што се
Општа здравствена сосотојба
Подобрување на општата здравствена состојба , подобрување на дишењето,голтањето,џвакањето,пневмонија, дигестивни проблеми, констипација,болки.....
Различни ментални сосотојби:
Хиперактивност, проблеми со концентрација и внимание, напади,интелектуално заостанување.....
Структурални состојби:
Сколиоза, дисликација на колкови.......
Моторни функции:
Различни нивоа на спастицитет,тонус на мускулите,слабост на зглобовите која предизвикува ограничувања на моторните функции (од мали нарушувања на фината моторика, до висок степен на ригидност).
Сите овие ограничувања не водат кон еден заеднички проблем- слабост на внатрешниот тонус на телото..Нашиот метод ќе ги зајакне како површинските слоеви,од кожата до коските,така и слоевите кои се наоѓаат најдлабоко во телото.Во тој смисол ние зајакнуваме се.
На тој начин се добива широк спектар на подобрувања подобрен вид, подобрена контрола на очите,концентрација,говор,слух,дишење,дигестија,моторни функции,ослободување од болка,јакнење на зглобови....
ЗАКОН НА ПРИРОДАТА
При јакнење на тонусот на телото Биомеханичката рехабилитација ги користи законите на природата.Ние имаме една поговорка Никој учен не се родил.И тоа е точно така.
Не постои новороденче кое оди и зборува.Дури и кај здрави деца целокупниот психо-моторен развој поминува низ неколку фази контрола на глава, седење,лазење, стоење итн...Овие фази се поврзани со промените кои настануваат во телото во време од 12 месеци нормален развој.
Затоа безразлика на која возраст е пациенот кога започнува со ABR мора да се следат природните фази на развој на здраво новороденче.
Опоравувањето на телесниот тонус не се случува преку ноќ.
Меѓутоа со интензивна примена на ABR по 3 часа на ден напредокот не изостанува.Методот е практичен и спроведлив во домашни услови, се што ви треба се вашите раце.
ABR не користи медикаменти од никаков тип.
No comments:
Post a Comment