Запознајте ја Раиса Мариа Узеа од Романија.Пред два дена наполни 5 години.
Ова е нејзината веб страна http://pentru-raisa.blogspot.com/
Нејзината дијагноза е спастична квадрипареза , петти степен според ГМФС.
Пред да започнат со АБР, Раиса заедно со нејзините родители го заобиколија светот во потрага по терапија која ќе и го подобри животот.
Во период од 3 години , еве што се пробаа:
-Општа физикална, вежби и окупациона
- Бобат
- Војта
-Хидротерапија
- Метод Козијавкин во Украина
-Хиперпарична комора
- Доман
- Трансплантација на матични клетки во Мексико
.....
За после се , на крај да дојде до влошување на состојбата со колкот. Беше дијагностицирана луксација и предложена операција.
Но, родителите одлучија да пробаат АБР пред да донесат одлука за предложената операција.
Никогаш нема да го заборавам денот кога прв пат с еслушнав со мајката на Раиса на телефон. Тој ден го промени животот не само на Раиса туку и на многу деца во Романија.
Со Раиса се работи АБР и денес, скоро 2 години. Шест дена неделно, по 3 саати на ден. Се работи само АБР , без никакви физички активности. И без физички активности, атрофија на мускулите нема, затоа што со АБР се менува квалитеот и волуменот на мускулното ткиво, и коските.
На клипчето има два дела. Првиот дел, снимен на 06/08/2012,вежби со физиотерапевт, а вториот дел е снимен 05/08/2014 , годишна проценка на состојбата од физиотерапевт. АБР со Раиса се работи од Октомври 2012.
Кога ќе го погледнте клипот , верувам нема да останете рамнодушни. Раиса доживеа прекрасна трасформација. Седењето без потпора сеуште не е финализирано, но сепак контролата што ја има врз сопстевното тело во седечка положба воодушевува.
Во првиот дел од клипот, Раиса е како едно парче дрво, без никака сегментација. Главата паѓа- цело тело паѓа заедно со главата. Дури и теговите кои и се ставени на рацете не можат да ја задржат во саканата положба, таа едностно паѓа, цела, сосе глава, раце нозе.
Никаква независна подвижнот:Главта оди на страна - нозете одат заедно со главата, главата оди назад- цело тело вклучително и нозете одат наназад.Дури и прачката која е ставена под колената , не помага во опуштањето на колената.
И сега ,вториот дел од клипот, годишна проценка на состојбата од страна на физотерапевт.
Гледаме едно многу убаво девојче, со поелегантно тело. Навистина е многу разубавена. И тоа така заради тоа што со помош на АБР создадени се сегменти, црти на лицето, линија на телото, издолжување на вратот.
Првата одлична промена е контролата на главата.
Главата се движи одвоено од телото,главата ја движи , а нозете се стабилни. Терапевтот ја држи под мишки и и го дига рамениот појас и тој се движи без да ги повлече нозете со себе, рамената имаат степен на незaвисно, оддеlно, движење од останиот дел од телото.
Горниот дел од телото е исто така одвоен од долниот, се појавува подвижност на ниво на струкот, терапевтот може да и го движи горниот дел на телото лево -десно , без да притоа да ги повлече нозете . Дури и кога ја држи за половината , Раиса , е во можност да го држи горниот дел од телото стабилен, за на крај терапевтот да ја пушти и таа краткотрајно да се одржи сама во седечка положба без потпора.
На сликата долу ве молам да забележите колку е промената главата и черепот. Во Октомври 2012 за главата би рекле дека е како нагмечена и од страна и од позади. Всушност , задниот дел е рамен, без изразена окципитална коска. Затоа пак, по 6 месеци формата е сосема поинаква. Една голема промена кај Раиса е исто така и подобрувањето на видот. Како што можете да видите и на сликата, и самото око е поотворено и поврзано со главта на поинаков начин, започнаа да се формираат очните дупки, кои секој од нас ги има и кои им се седело на очите. Промените на черепот несомнено даваат можност за развој на мозокот.
На подолната слика може да се види како постапно се менува и формира грбот,половината . И нешто исклучително важно. На првата слика, главта лежи на рамена, нема врат. На следните слики, вратот излегува и главта се повеќе се одвојува од рамената , за да денес, Раиса има многу добра контрола на главата во седечка положба.
No comments:
Post a Comment