Thursday, May 20, 2010

Мојата насмеана принцеза

И ова е резултат на АБР.


Како Ана прави здраво :)

Благодарение на АБР рацете на Ана се послободни од порано, спазамот намален, а со тоа и подвижноста на рацете е зголемена.На клипот можете да видите како Ана се обидува да направи здраво И покрај тоа што не е совршено, претходно и тоа го беше невозможно.

Ръцете на Ана се послободни от по-рано, спазамот намален, а с това и подвижността на ръцете е зголемена.На клип можете да видите как Ана се опитва да направи здраво. Макар че не е идеално, по-рано и това беше невъзможно.

Ана после 4 месеци АБР


Еве ги подобрувањата кои ги добивме со Ана после 4 месеци АБР.

Мојата најголема радост- Ана почна да се дига на подлактици .Пред АБР положбата на стомак и беше ужасно тешка , не сакаше воопшто да лежи на стомак, многу плачеше.Коментарите кои ги добивав беа дека Ана е мрзлива , дека не сака да се потруди затоа плачи.Кога почнавме со АБР престанав со сите други терапии.Се покажа дека Ана не сакала да лежи на стомак заради тоа што телото и било слабо и плачела само заради тоа што и било неудобно кога лежи на стомак , а не заради тоа што била мрзлива.Кога со АБР го зајакнавме телото, Ана почна удобно да се чувствува легната на стомак, и почна да се крена на подлактици.


Рацете на Ана се послободни од порано, спазамот намален, а со тоа и подвижноста на рацете е зголемена.На клипот во постот " Како Ана прави здраво" можете да видите како Ана се  обидува да направи здраво .И покрај тоа што не е совршено, претходно и тоа го беше невозможно.


Кога седи во количката Ана е многу поподвижна од порано, може да го движи телото лево, десно.Да се наведнува нанапред и да се исправа, а предходно седеше како здрвена.

Психички е многу подобра од порано,вниманието е далеку подобро од порано, пољубопитна е, сака се да види и се да проба.Многу е погласна од порано . Ужива во приказните кои ги читаме и многу сака да и кажувам песнички.Дури и повторува по мене , на нејзин начин , се разбира.


Структурата на телото се промени.Стомакот се оддели од градниот кош.Претходно стомакот беше како во дупка, а градниот кош издигнат како бочва.Сега  градниот кош стана поспуштен , а стомакот поиздигнат.Рамениот појас се промени.И покрај тоа што има уште многу работа среќна сум што конечно добиваме вистински резултати.

Има и други подобрувања, многу побрзо јаде од порано,како резултат на подобрено голтање, шлајмот е намлен, спиењето е подобрено.....


Пред нас е уште многу долг пат, но сознанието дека се наоѓаме на вистинскиот пат ме прави неизмерно среќна и  ми дава сила да се борам заедно со Ана.