Zdravtsveni problemi porvzani so CP i vozrasta

преведено од http://www.itodaynews.com/august2008/ageingCP.htm

Церебралната парализа се дефинирана како не прогресивна невролошка состојба. И покрај тоа  што првичното оштетување (на мозокот) не се проширува, описот не прогресивно не ги зема во предвид ефектите кои церебралната парализа ги има врз телото со годините.

Лицата со ЦП пријавуваат проблеми уште во почетокот на  20 и 30 година од животот   , и тоа изнемоштеност, болки во грбот, остеоартритис, хроничен запек, намалена флексибилност, слабост на мускулите, пробмеи со забите, пробеми со џвакање и голтање, остеопороза, депресија, болки во мускулоскелетниот систем, намалена кардио- респираторна кондиција. ..

 "Во минатото не старееевме, едноставно умиравме. Ние сме прва генерација кој аживее толку долго. Така што сега не станува збор з атоа дали ќе живееме, туку Како ( колку добро) ќе живееме." - June Isaacson Kailes , консултант и поборник за правата на лицата со инвалидитет.


преведено од страната Disabled world towаrds tomorrow 

 Пред средината на дваестеттион век , мал број деца со церебрална парализа доживуваа зрелост (21 до 40 години) Денес, благодарение на напредокот во медицината, рехабилитацијата  и на  асистивната технологија , 65 до 90 проценти од децата со церебрална парализа ги преживуваат годините на зрелост до средна возраст. Продолжувањето на животниот век, е често придружено со зголемени здравстени и функционални проблеми - некои проблеми почнуваат од многу рана возраст. 
Предвремено стареење. Поголемиот дел од лицата со церебрална парализа ќе  доживеат некоја форма на предвремено стареење пред да  стигнат до 40-тите години поради дополнителниот  стрес, тензија и замор која болеста ја  наметнува врз нивните тела.  Доцнењето во развојот  кое често ја придружува церебралната  парализата влијае и на развојот на органите  и органските системи во телото. Доцнењето на развојот значи нецелосна развиенот на органите и системите , а со тоа е  оневозможено  функионирање на истите  со полн капацитет . Како последица на тоа, органските системи, како што се на кардиоваскуларниот систем (срцето, вените и артериите) и системот за дишење  (белите дробови) мора да работат  понапорно отколку од нормално  и затоа и стареат предвреме.  

Функционални проблеми на работното место. Кога  вработено лице со церебрална парализа достигнува средна возраст,од ден во ден предизвиците  на работното место растат.  Некои поединци ќе бидат во можност да продолжат да работаат  со приспособен распоред , помошна опрема, и  чести периоди за одмор. А за некои лица потребно е предвремено пензионирање .



Депресија. Стапката на депресија е три до четири пати повисока кај луѓето со пречки во развојот како што е церебрална парализа. Депресијата не е толку поврзана со сериознаста на инвалидитетот, колку што е поврзана со способноста на лицето да се справи со сопствениот инвалидитет. Емоционална поддршка, колку успешно се  справуваваат со разочарувањето  и стресот , и дали  имаат оптимистички поглед кон иднината - сево ова  има значително влијание врз менталното здравјe.
Пост-оштетување синдром(Post-impairment syndrome) Повеќето возрасни со церебрална парализа страдаат од она што се нарекува синдром пост-оштетување , комбинација од болка, замор и слабост поради мускулите абнормалности, деформитети на коските , синдром на прекумерна употреба  (понекогаш  се нарекува повреда настаната заради повторувачки движења), и артритис. Заморот е чест проблем  , бидејќи , за да одат или да направат било какво движење , лицата со церебрална парализа користат 3-5 пати повеќе од енергијата која им е потребна на лицата  без инвалидетет   да ги извршат истите активности. 
Остеоартритис и дегенеративен артритис. Мускулоскелетни абнормалности кои можеби не создавале  непријатности во  детството може да предизвика болка во зрелата возраст. На пример, ненормални врски  во згловите   и прекумерното оптеретување на истите, може да доведе до почеток на развој на болки од  остеоартритис и дегенеративен артритис . Лица со церебрална парализа, исто така, имаат ограничена  сила и ограничени шеми на движење,што е ризик за развој на синдром на  прекумерна употреба  .
Болка. Прашања поврзани со болка често се  непризнати  од давателите на здравствени услуги бидејќи  лицата со церебрална парализа не можат   да го  опишат  степенот на болка или точната локација на нивната болка. Болката може да биде акутна или хронична, и  најчесто се јавува  во колковите, колената, глуждовите, и на горниот и долниот дел на грбот. Лица со спастична церебрална парализа имаат поголем број на болни места и посилна болка од оние со други видови на церебрална парализа.Најдобар начина за справување со болката е превентивно делување- корекција на мускуло-скелетните абнормалности уште од рана возраст. за ишчашен колк се врши хирушка интервенција, и доколку е правилно изведена се избегнува состојба на хронична болка. 
  Други здравствени проблеми. како секундарен ефект на церебралната парализа  , возрасните лица со церебрална парализа исто така се соочуваат и со повишен крвен приотисок, инконтиненција, проблеми со мочниот меур, и проблеми со голтање. искрувување на рбетот- сколиоза - посебно изразена после пубертетот, кога коските веќе ја достигнале крајната фаза на развој . Кај лицата со церебрална парализа има поголеми незгоди со  скршеници , кои најчесто се јавуваат за време на сесиите по физикална терапија.Понатаму, заради дишењето на уста, слабата хигиена  на устата и абнормалностите на забната глеѓ, се развива кариес и парадонтон. Од 25% до 39% од лицата со церебрална парализа имаат проблеми со видот , а од 8% до 18% имаат проблеми со слухот.
Додаток
...Кај возрасните лица со церебрална парализа се јавуваат проблеми со мускуло- скелетниот систем и губење на функциии многу порано отколку кај лицат без хендикеп. Една студија покажа дека 75% од лицата со церебрална парализа престанаа да одат до  25 годишна возраст...
..Друга студија со млади со ЦП покажа развој на артритис кај 27% од испитаниците, додека кај лицата без ЦП процентот на артритис на истата возраст е 4%. Овие промени доведуваат до хронична намалување на подвижноста , намалување на квалитот на коските - кршливост на коските.....(извор http://cpirf.org/aging-and-cerebral-palsy/ )



2 comments:

  1. Vo tekstot koj go prevedov, mnogu ubavo e naglaseno, docnenjeto na razvojot ne e samo docnje na motorickiot i mentalniot razvoj, tuku i docnenje na razvoj i rast na celo telo.Toa shto go pravi e ABR e zajkanuvanje I menuvanje na teloto od osnova, od koren shto bi se reklo. So rabota se menuva volumenot na vnatreshnite organi, rastat- znachi toa shto ne se slucilo po priroden pat toa go pravime so ABR. Mu pomagame na prirodata da si ja zavsrhi rabotat koja ne mozala da ja zavrshi . Site deca so koi se raboti ABR pocnuvaat naglo da rastat. Roditelite kazuvaat" Ovaa godina mnogu porasna" Da, porasna zatoa shto dobi energija za rast. Rastot na organite go menuva nivniot kvalitet, I nivnoto funkcioniranje,nivniot kapacitet se zgolemuva. A toa znachi i deka site sietemi vo teloto pocnuvaat da funckioniraat na podobran nachin. Poanatmu, kako teloto raste, se osloboduva i rbetteot, i dolgorochno se izbegnuvaat operacii. taka shto, edinstevno chare vo momentov za site maki i stradanja koi se javuvaat so godinite kaj licata so CP e ABR.

    ReplyDelete