Јован е мојот син има 6месеци.Со гордост кажувам, тој има Даунов синдром и е голем херој. Нашата приказна почна многу драматично, но благодарение на АБР терапија напредуваме многу брзо и со никаков застој.АБР терапија ја дознав преку интернет во вистински момент.Гледав како деца напредуваат како проодуваат и како се социјализираат.
Бевме на прегледот каде што беа многу изненадени бидејќи Јован тогаш беше само 2 месеци,со многу труд и соработка од Криста,Роби и Весна многу работи ни објаснија од кои добивме шок. На пример, нам како родители,дишењето на Јован ни изледаше малку чудно. Кога дишеше, стомакот се надувуваше и долните ребра се ширеа. Докторите ни велеа дека тоа е нормално за него, и ние не бевмо многу загрижени. На АБР прегледот добив одговори оти тоа не е нормално и може да се спречи и да напредува.
Се што правеше Јован на тие месеци јас мислев е нормално, а сето тоа одеше во погрешна насока.
Кога почнавме со вежбите по вториот ден јас забележав промена во дишењето што ми беше најбитно Јован да дише правилно.Главата неможеше да си ја држи сега веке заборавивме оти тој проблем постоеше,имавме подуено меше што мислев ке му пукне во секој момент,веке имаме рамно меше.Очињата не му се толку подуени,почнуваат да се вдлабнуваат,рбетот почнува да му се познава однадвор,добиваме убава боја на кожата,и да незнам колку ке ви се верува и крвната слика ни се подобри без пиење на лекарства.Јован неможеше да пие млеко имаше проблем со голтањето со специјално шише се храневме,сега пиеме и со обични шишиња што е тоа голем успех за нас.Сега сме во фаза на превртување и тоа го прави правилно немаме застој никаков.Кога му подаваме рака, и тој ни подава да се поздрави, и исто знае како да плесне со рачето. Сето ова до сега што го имаме постигнато е само со 3 месеци работа со вежбите и е преголем успех.Кога одиме на контроли докторите ни кажуваат супер е, супер напредува и му се восхитуваат како он се прати што се случува и колку не знае да седи мирно и ни викаат во ништо не заостанувате , дури и килажата си ја надоместивме,бидејки бевме премногу слаби.Јас сум многу благодарна пред се на Весна што АБР терапија има и во Македонија и секако до Криста,Роби и Леонид Блум кој е основач на АБР терапија. Продолжуваме со вежбите и со нетрпение чекам нови вежби за нови успеси и напредоци."
No comments:
Post a Comment