Tuesday, October 3, 2017

Tuesday, August 15, 2017

Јован, Даунов Синдром


    Јован е мојот син има 6месеци.Со гордост кажувам,  тој има Даунов синдром и е голем херој. Нашата приказна почна многу драматично, но благодарение на АБР терапија напредуваме многу брзо и со никаков застој.АБР терапија ја дознав преку интернет во вистински момент.Гледав како деца напредуваат како проодуваат и како се социјализираат.
Бевме на прегледот каде што беа многу изненадени бидејќи Јован тогаш беше само 2 месеци,со многу труд и соработка од Криста,Роби и Весна многу работи ни објаснија од кои добивме шок. На пример, нам како родители,дишењето на Јован ни изледаше малку чудно. Кога дишеше, стомакот се надувуваше и долните ребра се ширеа. Докторите ни велеа дека тоа е нормално за него, и ние не бевмо многу загрижени. На АБР прегледот добив одговори оти тоа не е нормално и може да се спречи и да напредува.
Се што правеше Јован на тие месеци јас мислев е нормално, а сето тоа одеше во погрешна насока.
Кога почнавме со вежбите по вториот ден јас забележав промена во дишењето што ми беше најбитно Јован да дише правилно.Главата неможеше да си ја држи сега веке заборавивме оти тој проблем постоеше,имавме подуено меше што мислев ке му пукне во секој момент,веке имаме рамно меше.Очињата не му се толку подуени,почнуваат да се вдлабнуваат,рбетот почнува да му се познава однадвор,добиваме убава боја на кожата,и да незнам колку ке ви се верува и крвната слика ни се подобри без пиење на лекарства.Јован неможеше да пие млеко имаше проблем со голтањето со специјално шише се храневме,сега пиеме и со обични шишиња што е тоа голем успех за нас.Сега сме во фаза на превртување и тоа го прави правилно немаме застој никаков.Кога му подаваме рака, и тој ни подава да се поздрави, и исто знае како да плесне со рачето. Сето ова до сега што го имаме постигнато е само со 3 месеци работа со вежбите и е преголем успех.Кога одиме на контроли докторите ни кажуваат супер е, супер напредува и му се восхитуваат како он се прати што се случува и колку не знае да седи мирно и ни викаат во ништо не заостанувате , дури и килажата си ја надоместивме,бидејки бевме премногу слаби.Јас сум многу благодарна пред се на Весна што АБР терапија има и во Македонија и секако до Криста,Роби и Леонид Блум кој е основач на АБР терапија. Продолжуваме со вежбите и со нетрпение чекам нови вежби за нови успеси и напредоци."

Friday, February 24, 2017

Александар, дете до Даунов Синдром


Александар, мојот син , е на 2 ипол годишна возраст и има Даунов синдром.
АБР терапијата ја открив на интернет, и одбрав да ја применувам затоа што ми се чинеше како најхолистичен метод од сите други третмани за кои читав. Ветуваше промени без разлика на дијагноза преку нормализирање на структурата на телото. Работиме АБр само неколку месеци, и еве ги моите импресии.

Започнавме со АБР кога Александар имаше 21 месец. Мојата желба беше да се подобри растот, здравјето, функциите и менталниот развој.
Почетните консултации беа одлични. Траеја неколку часа,многу подолго од што очекував,без никакво брзање, и специјалистите ми ги одговорија сите прашања кои ги имав. Фото сесијата беше исто така многу внимателно изведена и траеше доста долго. Сето тоа ми даде доверба дека вежбите кои ги препишаа се целосно индивидуални и прилагодени за специфичната состојба на Александар.
Вежбите не се воопшто тешки за изведување, и може да се поделат во неколку циклуси. Идеално би било да се работаат по 3 саати на ден. Но заради различни околности, ние можевме да работиме од саат и пол до два на ден, во период од 4 и пол месеци. Бидејќи сум постојано дома со Александар, тешко ми беше ги забележам промените. Мажот ми забележа дека грбот на Александар е посилен, и исто така забележавме промени во однесувањето.Престана да се однесува како бебе, а се повеќе како неговите врсници. Имаше и друга промена, пред АБР Александар почнуваше да вришти без никаква видлива и јасна причина, како да има некоја мака. Тоа беше многу вознемирувачки и се случуваше секој ден. Специјалистите ми објаснија дека е возможно тоа да се случува заради претерана стимулација. Полсе неколку недели АБР, и намалување на стимулациите, вриштењето престана. Досега не се има повторено.
Кога дојде време за ре-евалуција во Април, не бев сигурна колку промени ќе има. Повторно имаше фото сесија и ми покажаа споредби од предходната евалуација и сега. Колку големи промени! Бев шокирана од промените во структурата на мојот син. Напредокот кој го постигна беше извонреден!Вратот пораснал, почна да се јавува сегментација меѓу градниот кош и стомакот,рамениот појас почна да се спушта, а на лицето почна да добива јасно изразени црти.Сликите кажуваа илјадници зборови.
Не е потребно да кажам дека продолжуваме со АБР. Оваа терапија се покажа ефикасна за менување на структурата на телото,дури сега ја користиме и за подобрување на сколиозита на мојот постар син.
Се чувстувам благословена што ги запознавав овие топли и добродушни луѓе од тимот на АБР Белгија, Криста , Роби и Весна и бескрајно сум благодарна на Леонид Блум за шансата што ја добиваат нашите деца за пододобар живот.

Анна- Алексеева Маневска