Friday, March 16, 2012

Марија 10 години,церебрална парализа








Марија – 10 години 

Со АБР почнавме кога Марија имаше 8.5 години.
Цели 8 години крстаревме по Балканот барајќи што посоодветна терапија, трошејќи пари со вреќи само да се подобри состојбата на Марија. И секаде каде што одевме на Марија и беше подобро, но за кратко. По враќањето дома иако продолжувавме со исти вежби најмногу до 3 месеци се задржуваше добрата состојба а потоа полека почнуваше да се влошува, а посебно по секоја настинка, вирус, грип итн. Кога не можевме да ја вежбаме. Долгите патувања почнаа да ни стануваат напорни, што заради долгите релации, што заради тоа што однапред веќе знаевме дека сето тоа кратко ќе трае.
Знаејќи за нашите залагања и посветеност на решавање на состојбата на Марија, една моја познаничка ме извести за некаква презентација во Охрид во најладниот и најснежниот период во 2009 година. Но бидејќи претходно немавме воопшто слушнато за АБР одлучивме со татко и да не одиме а за таа одлука за кратко време се покајавме. По само 2 месеци користејќи го годишното право на рехабилитација во Св. Еразмо во Охрид повторно слушнав за АБР. Една од терапевтките ми го даде телефонскиот број од Весна. И првата работа што ја направив првото утро откако се вратив во Скопје беше контактот со Весна . Од тогаш многу често останував до доцна во ноќта пред компјутерот трагајќи по информации. Промените кај Ана ме радуваа и ме правеа нестрплива. Едвај ги дочекав Белгијанците да дојдат повторно во Охрид .
Во Октомври 2010 конечно почнавме да ја применуваме “Напредната биомеханичка рехабилитација” (АБР). За прв пат не беше никој преморен, никој нервозен , не брзавме никаде и не се плашевме дали ќе врне ,ќе биде ладно или жешко, дали на Марија и се спие па дали ќе може да издржи. Се местевме во најудобната положба и работевме, работевме и работевме. Многу брзо Марија со големо задоволство почна да се фали од новата терапија.
Имајќи го претходното искуство со другите методи, знаевме дека АБР не е волшебно стапче и вежбавме трудејќи се да не се оптеретуваме со тоа што сме добиле за кратко време туку не интересираше дали тоа ќе биде трајно. Но во фебруари 2011, пред нас имавме поинакво тело.Подигнатите ребра се спустија а зајакнатите стомачни мускули кои претходно не се гледаа и беа пропаднати, како кај спортист се наредија како плочки. Почна Марија да се исправа на колена покрај зид, а страшната кифоза како од шала се смали. 
 Промените продолжија токму како што ги предвидоа Белгијанците. Има периоди кога надворешно изгледа полошо но внатрешната мускулатура си зајакнува, што е всушност и целта на АБР.
Токму тие промени ме натераа да го споделам нашето АБР искуство со сите вас . За првпат знаеме дека парите што ги плаќаме за терапија правилно ги вложуваме за разлика од порано кога од напред знаевме дека за иста работа пак ќе треба да спремиме далеку повеке пари и ќе добиеме нешто што не е трајно, и така во недоглен Сизифовиот камен го туркавме до врвот а тој се тркалаше назад.
За сите што размислуваат дали да вежбаат АБР или да продолжат да го туркаат Сизифовиот камен мојата искрена, од срце, порака е да почнат да размислуваат паралелно додека вежбаат. Така промените кај нивните деца ќе им го дадат одговорот ,а парите ќе бидат вложени во иднината на децата,а не фрлени како што објаснуваат, заради непознавањето на методата и спектарот на предност во однос на се друго.


Срдечен поздрав. 

 Од семејството Савески 



                                           Октомври2010
 
Октомври2011
 
 




Марија промени во втората година со АБР






















Марија промени во втората година со АБР


Wednesday, March 14, 2012

Т.Ј.- клипови од напредокот низ првата година со АБР



Еве како Т.Ј.одеше пред АБР, всушност ова нема врска со одење, но ние родителите од пуста желба да ги видиме децата на нозе, многу често велиме, ако го држам оди. Факт е - ова дете не оди, само ги фрла нозете, а телото мора некој да му го држи и придвижува нанапред.


Ова е Т.Ј. после 6 месеци АБР, кога почна со првите самостојни чекори. Оди со згрчена нога, и не може да стои самостојно.


Ова е Т.Ј. после 8 и пол месеци АБР .Ако забележавте ногата е ослободен аод грчот, коленото станало подвижно, но не истабилно. Погледнете го левото колено , колку е нестабилно во одење, пропаѓа во ногата.Оди на прсти, и без чевли не е можно да оди.



Ова е Т.Ј. после 10 месеци АБР - оди со цело стапало,оди и бос, може да застане, има  рамнотежа, левото колено- видете стабилно е, и видете колку само порасна и колку се разубави и колку е целото тело  ослодобено од претходната напнатост-грч.


Оди и бос. А пред само недела дена , пред снимањето на клипот, мајката размислуваше да става ботокс, за да се спушти стапалото. Кажано и беше дека мускулот е толку згрчен, што мора да се става ботокс , неколку пати, а кога ќе порасне , а телото ќе стане имуно на ботоксот, ќе мора да се направи операција. Мускулот се опушти и ногата се спушти само со АБР вежби за горниот дел од телото, без никакви итсгнувања, вежби или било какви интервенции на нозете.


 Од одењето на Т.Ј. може да види потврда  основните принципи на АБР, Ригидност-подвижност-стабилност. Тоа се фази низ кои минува телото, при променените. Од ригидност, и згрченост на колено, после 8 и пол месеци, добивме наламелена ригидност- зголемена подвижност на коленото, но не истабилност, се гледа како коленото пропаѓа навнатре во ногата , з ада по неколку месеци с едобие стабилност на коленото. Ова е навистина еден прекрасен пример.
И уште 2 клипови. Т.Ј.како станува од столче.КЛИК



И последно најново, најпресно снимано, од пред недела дена, значи скоро година со АБР , како Т.Ј. седи на колена и ја зема лажицата. КЛИК


За ова дете има да се снима цел филм, толку многу работи се подобрија во измината година со АБР, скоро неверојатно. Морам да признам, многу ми е мило.
Само напред Т.Ј.!Продолжи  да напредуваш со истото темпо!Мама и баба -продолжете  да работите со истото темпо!
 Навистина чудо направивте  со вашите  раце.


Мајката на Т.Ј. Раскажува- КЛИК