Saturday, August 3, 2013

Искуства со сублуксација

Снимки
1.
. 

2. Пред една година докторот препорачал операција, но , после една година АБР им наредил да продолжат да го работат тоа што го работеле цела година, и што довело до промените.





3.На Yahoo  има ABR support group , група родиетли од цел свет кои работаат АБР и разменуваат искуства. Пред некое време имаше прашање во  врска со сублуксација на колк. Имаше неколку интересни одговирв, па ги преводов. Долколку сакате  да се зачлените во групата ова е  линкот http://health.groups.yahoo.com/group/ABR_Support/message/18766

Прашање

Здраво на сите,
Благодареност до модераторите што ми дозволивте да се придружам на оваа група.

За мене АБР е нешто ново, а тоа што ме натера да се заинтересирам за АБР е фактот дека минатата мојот син на рентген покажа околу 50% јаз , празнина, меѓу чашката на карлицата и главата на бутната коска, и лекарите предло жија операција .

Има ли некој во групава кој има позитивно искуство со АБР и сублуксација? Во моментов се обидува да го убеди хируршкиот тим и мојата сопруга да се одложи операцијата и да се обидеме со АБР некое време.

На 16 септември имаме закажано проценка во АБР Белгија.Вработените таму беа многу љубезни и ми објансија многу нешта, но искуството од другите родители исто така е добредојдено.

Со почит,
Мартин

 

Одговори

1.
 Здраво Мартин
Прво , дозволете ми да ви честитам за наоѓањето на информацијата за АБР и разбирање на можностите што ви дава!

Јас сум мајка на 14-годишно момче со спастична диплегија и ние исто така имаме проблеми со колкот. Со АБР почнавме кога требаше да одлучиме "или операција или АБР". Денес разбирам, дека всушнот не постои такво нешто како или или, операцијата не е опција , и тоа не е само мое мислење ... Операцијата ќе уништи и ослабне се што всушност треба да се зајакне. Мојот син има над 80% сублуксација на левиот колк. Работиме АБР веќе 2 години ( за жал почнавме многу касно) мојот син веќе беше 12 кога почнавме. Вие не се кажавте колку години е вашето дете , но како и да е , со АБР нема возрасна граница .

За жал не можам да ви кажам, дека проблемот е решен , ако со решен се смета да нема сублуксација ... Искрено кажано, и не очекував тоа да биде решено во 2 години. Не сум ни сигурна дали очекувам целосно да се среди сублукасацијата?Сватив дека постојат толку многу поважни работи "да се средат " во телото на мојот син од процентот на поместеност на еден зглоб од нормалата.Работиме на формирање и ширење, волуменско зголемување на целата карлица .Карлицата е основата која прво требада се среди со цел дас е создадат услови зглобот на колкот да се врати на место. Она што можам да ви кажам е дека сите болки од сублуксација исчезнаа по само неколку месеци од АБР. И за мене тоа е голема работа.

Ви препорачувам на ги погледнете клиповите на Леонид за сублуксацијата , ако веќе не сте ги погледанле. Ќе најдете на клипови на неговиот блог или Vimeo сајт http://vimeo.com/abr/
Овие видеа се она ме убедија да изберам АБР наместо хируршка интервенција.

Ако имате повеќе прашања, ќе бидам среќна да ви одговорим најдобро што можам

Најдобри желби,
Minna Ahlgre


2.

Здраво Мартин,

Мојот син имаше 50% јаз,  празнина,  на ренгенската снимка од колкот . Сепак, по една година со
АБР тоа беше само 30%
. Само тие 2 пати сме го снимале. Мојот
син сега е 7 години. Тој го прави нормална физиотерапија, но не го вертикализираме и не го охрабруваме д а оди .И секојдневно работиме АБР. Јас цврсто сум убедена дека оваа промена е поради АБР. Лекари, исто така, инсистираа на ботокс или помали
операција, но ние не направивме ништо од тоа. По оваа промена тие беа
без зборови, и веќе не спомнаа за ботокс или операција ...
Среќена сум што почнувате со АБР и ви посакувам успех!
Со почит,
Saila од Финска

3.
Здраво Мартин,

Ја видов темава и еве да додадам нешто.

Во право сте да се сомневате во статус кво медицински приод кон ЦП. Како што кажаа и другите мајки , сегашниот систем е навистина силно фокусиран на мускулите –коските- зглобовите кај децата со на ЦП и се чини дек ги пропуштаат сите други прашања, со кои ние, како родители се бориме секојдневно.

Имам направено детално истражување на оваа тема . Инаку и јас сум си мајка на 3 1/2 годишно со ЦП. Речиси две години работиме АБР .

Откако ќе се разбере дека коските и зглобовите "се движат " излегуваат, надвор од местото каде нормално би требало д а се , поради слабата фасцијални структури , ќе ви стане јасно дека операцијата ќе биде како ставање мало дрвено стапче под мост кој  е на уривање. Операцијата е само замачкување, не ја третира причиата заради која настанал проблемот.
Јас сум лекар, и морам на кратко да застанам во одбрана на моите колеги.
Со помош на операцијата тие само се обидуваат ,да се спречат идни влошување и болка. Тие знаат дека ништо од актуелните терапии не помагаат, тоа го покажуваат сите студии. Затоа , тие посегаат по нож. За среќа, оние од нас кои пронашле АБР (за која сеуште нема многу студии) знаат, дека ножот не е единствениот пристап.
Дека, многу од нашите деца се подобри, дека не само нивните зглобови и коски се подобро, туку личноста е подобара, почнува да се развива и да се чувствува попријатно.

Треба да знаете е дека со АБР ќе треба повеќе од една година да се реши проблемот со колковите . Треба време , и треба работа.

Операцијата е наменета да помогне со справување со болката .Но, тоа не е без несакани ефекти.
Јас би сугерирала да се обидете со АБР , да го следите а вашиот син и да видиме каде ви оди. Не знам кој се грижи најмногу за вашиот син, но важно е таа личност да е убедена во АБР за да може да работи и да се види успехот. Без тоа , ќе имате половична АБР, и полошо може и да се откажете. Ова е многу важно затоа што првите промени се во најдлабоките слоеви на во телото.

Се надевам дека ова ви помогна.
Erika

Thursday, February 7, 2013

Т.Ј. во новата 2013 со нови резултати

Jануари 2013, после 22 месеци АБР  - Стапалото се спушти, без операции, без ботокс. Спазамот во коленото се ослободи . Телото доби сегменти, независна подвижност.Погледнете колку убаво се наведнува и се исправа , колку координирани движења има. Рамнотежата е далеку подобра од пред 6 месеци, се гледа колку побавно оди и колкава контрола има врз движења. Сеуште има потреба од промени во раката и ногата , но напредокот е очигледен. Инаку овој прекрасне дечко кој е убав како девојче, има и  подобрувања во говорот .И плус , многу е позгоден од лани:)



Пред АБР (Искуството на мајката  можете да го прочитате тука  KLIK)



После 6 месеци АБР, прооде


Лето 2012 , ги освои скалите


Monday, November 19, 2012

Искуства со АБР од Италија

Џада, 9 години- повреда  од вакцина



Матео, 10 години



Пиетро 12 години- повреда од вакцина



Алберто 18 години- мозочно крварење



Елена 4 години- резистентна епилепсија




Tuesday, November 13, 2012

Марија- промени во втората година со АБР





Во Октомври 2010 за да се заврти со лазење на Марија и беа потребни многу инструкции и многу напор.
Грбот е многу ригиден, рбетниот столб крут. За да се заврти мора да најди начин како да го заврти цело тело одеднаш.

Октомври 2012, благодарение на неумораната работа на мама и тато. Морам да кажам, БРАВО , секоја чест. Сработија неверојатни 2000 саати од Април 2012 до Октомври 2012.
Марија доживеа прекрасна трансформација. Погледнете колку брзо може да се заврти, со колкава леснотија тоа го прави .Колку е телото опуштено, ригидниот грб замина во историјата, рбетот стана поподвижен.... се појавуваат незавни движења на одделни делови од телото.
Погледете само во колку убава девојка израсна нашата мала Марија. 
Прекрасно.




Вртење- Ако ги погледнеме сликите(насловните слики на клиповите) гледаме две сосема различни тела.
На првата слика од Октомври 2010 тело право како штица, слабо, тесни рамена,невидлив врат
На втората слика од Октомври 2012 имаме ново тело Може да се види дека одвај ја собира на чаршафите,колку многу е издолжена и наполнета. Рамената се раширени, телото лесно се превиткува  во половината, вратот убаво се гледа.
Како резултат на структуралните промени, како што веќе кажав, се издолжи телото , се појавија потиснатите делови, излегоа, се отвори простор во телото за движења.
Затоа и вртењето на Марија во 2012 година изгледа понормално, полесно, послеано. Обрнете внимание колку убаво се врти еден дел од телото, потоа следува другиот дел итн..Мариај има контрола врз движењата




Одење на колена- Октомври 2010 тоа е лизгање на колена со голом распон меѓу нозете.
Во Октомври2012 - колкот почнува да добива подвижност во карлицата, плус ослободен е лумбалниот дел( до сега сигурно забележавте дека кај Марија се формираше струк)и Марија може да ги дигне нозете од подлогата и да се продвижи. Овој тест е еден од потешките тестови. Целта е да се провери подвижноста на колкот .
Низ сите клипови тоа што гледа е колку Мариај е поопуштена.
Може сега ќе ви стане уште појасно тоа што готврди АБР- спазамот е резултат на внатрешна слабост. Како што се зајкнува внатрешнат слабост , а од надвор ние гледаме дека телото се издолжува и се полни, така мускулите се се послободни и послободни.
мариај с еменува и напредува. Оваа година е подобра од минатата, в година ќе биде подобра од оваа ..секоја следна година ,ќе биде подобра од претходната.
Тоа е АБР, не е магија. Но , на светот не постои  ниту енда друга терапија која може на овој начин да ги менува децата со церебрална парализа и да понуди напредок без граници.