Wednesday, October 12, 2011

T.J. Proode




Здраво
Јас сум мама Нена и Би сакала да го поделам моето искуство околу АБР терапијата. Имам две годишно синче Т.Ј. со дијагноза – левострана хемипареза која е поизразена на левата рака, истотака има хидроцефалус и арахноидална циста а кои се последица на многу тешко породување поради лекарска несовесност и негрижа.
По препорака на неврологот, од четвртиот месец после породувањето почнавме да посетуваме физикална терапија во Мајчин дом.
Т.Ј. имаше страшна аверзија кон вежбите, ништо не прифакаше и постојано плачеше. Одевме трипати неделно по речиси саат ипол и плус секојдневно дома вежбавме по минимум два саати. Вртење, превртување, истегнување, доведување во седечка положба, а Т.Ј. само плачеше и плачеше. Навечер, кога ке заспиеше малото, почнав да “киснам” на интернет и да барам разни терапии и начини да му помогнам.
Па почнав да го носам секаде каде што ќе слушнев дека можат да му помогнат, одевме на масажи, биорезонантни терапии, физикални терапии во приватни ординации, секој ден и секогаш истите коментари- “ вежбајте, бидете упорни, а за резултати ќе видиме…”
Парите се трошеа, нервите се кинеа а резултати речиси никакви. До 18 месечна возраст Т.Ј. не се превртуваше, едвај успеваше со моја помош да се доведе во седечка положба, а кога ке го ставев да седи обавезно јас позади него, инаку директно со глава во паркет. Како кукла, кај ке го ставиш таму ке го најдеш.

ПРЕД АБР



За АБР дознав од блиска пријателка која исто така има детенце со проблем, ги погледнав клиповите со напредокот кои го имаат постигнато дечињата и решив дека мора да пробам.
Во март бевме на детален преглед, ги увидовме сите проблеми во структурата на неговото тело и на 2-ри април почнавме со вежбите. На прегледите, кога ме прашаа што очекувам од АБР, кажав дека би сакала Т.Ј. да може да седи самостојно, да биде пофлексибилен кога ке седи, што значи не само да седи туку и да може да посегнува по играчки без да се секирам дека ке се залета наназад и ке падне, како и да му се изедначат двете страни на раменцата, бидејки левата страна од вратот му беше пократка и со главчето завлекуваше повеке на лева страна. Решив да бидам упорна, огромна надеж ми даваа клиповите на интернет кои постојано ги гледав, секој ден и по неколку пати, и си викав кога има успех кај овие дечиња, тогаш зошто да не и кај моето дете.
Секој ден по три часа јас и мајка ми го вежбавме, а за време на викендите и по пет часа дневно. Весна ми кажа дека првите резултати ке бидат воочливи веќе после шест месеци, а јас да водам дневник по колку саати го вежбам дневно и какви промени забележувам. Промените почнаа да се забележуваат после два месеци.
Почна сам и без моја помош да се доведува во седечка положба, почна да се превртува на сите страни во кревет, на двапати дури и ми падна од кревет, стана многу пофлексибилен, почна војнички да ползи а јас и мајка ми само се прашувавме – КАКО Е ОВА МОЖНО? Кога го однесов во Мајчин дом, за да ми дадат потврда за ортопедски кондурчиња докторката неможеше да се изначуди и само прашуваше дали е ова истото дете? Слични реакции имаше и од мои роднини и пријатели кои го немаа видено подолго време. Му се менуваше и структурата на телото, вратчето се издолжи, кожата на телото му стана подебелка со салце, раменцата му се исправаа. Заборавив да напоменам дека пред АБР терапијата, Т.Ј. кога ке го земев во раце со целото тело и со главата се зафрлаше на назад и тоа најпрво му се среди откако почнавме со вежбите. АБР терапијата ја правиме исклучиво навечер, откако ке заспие, што значи нема плачење и раздразливост, затоа што вежбите се многу суптилни и притисокот е многу благ.
Неможам да Ви опишам колку АБР влијаеше на мене и како комплетно ме смени како личност. Душата ми се смири, пред мои очи гледав како ми се менува од корен детето.
Најинтересно е што вежбаме, вежбаме и човечки е- понекогаш ке искоментиравме- “ајде Т.Ј. кога ке почнеш да го правиш ова или она” и нема да помине многу време а тој ќе постигне нешто многу значајно. Така беше за седењето, така беше за ползењето така беше и за одењето. Инаку само две недели после неговиот втор роденден и само после шест месеци АБР терапија Т.Ј. ги направи првите четири самостојни чекори. Знам дека треба уште многу да работиме за да ја подобриме во целост структурата на неговото тело ама јас го најдов тоа што ми треба, напредокот е видлив и знам дека со тек на времето ке се постигне се.
На крајот само можам да препорачам да не се оптоварувате со мислите- дали е можно со АБР да се постигнат вакви огромни резултати и дали оваа терапија дава ефект, туку само да вежбате а кога ке Ве фати криза погледнете ги клиповите со напредокот на дечињата и бидете сигурни дека со редовна работа и упорност, резултати загарантирано ке има

Friday, August 26, 2011

Friday, June 17, 2011

Volter - pacient so hemipareza nastanata kako rezultat na trauma

 Kaj Choose langugae  na strelkata desno izberete makedonski.

Thursday, June 9, 2011

Ана ,АБР од Декември 2009 до Март 2011, заедно со извештајот за март 2011


LINK DO ANA-OKTOMVRI2011 

Битката за Ана започна уште со незјиното раѓање. Од првиот ден кога дојдовме дома па во наредните две и пол години постојано вежбаме по Бобат. Докторите на почеток велеа, нема правила, вежбајте па ќе видиме. По извесно време добиваваме совет да си родиме друго дете. Не дека тој совет не е добар, но јас сакав да знам како да и помогнам на Ана.
Животот ми  се промени комплетно. Оставив се на страна и комплетно се посветив на Ана. Едно време ја применуваме методата на професор хохлов, работевме и акупресура, Ана вриштеше од вежбите ние упорно вежбавме. Кажано ни беше дека била мрзлива и затоа не соработувала. По две и пол години работа, Ана скоро и да не доби ништо. Сиот труд беше залуден.
Морам да признам дека не ми беше баш лесно да стигнам до АБР. Барав и препарував по интернет ,и секој метод пооделно го испитував, барајќи метод од кој ќе бидат задоволни родителите. И така после 6 месеци трагање и испитување, вселената решила да ми отвори пат. Стигнав до АБР , конечно терапија од која сите родители беа задоволни, конечно терапија која зборуваше за нешта кои се многу логични па дури и очигледни. 
На првата АБР проценка, мене за прв пат ми стана јасно колку е всушност  тешка состојбата на Ана, и единствено прашање кое ми се моташе по главата беше Зошто ми требаше толку време да ја најдам оваа терапија. За прв пат сите мои прашања беа одговорени, јасно и концизно, и за прв пат ми беше кажано што можам да добијам како резултат од тоа што ќе го работам.
Еве од каде почнавме.
 Познатиот рефлекс на Моро - Реакцијата која  Ана ја имаше секогаш кога ќе сретнеше непознати луѓе, а многу често познати. Всушност се случуваше многу често татко и  да предизвика ваква реакција. Оваа реакција пред АБР ни беше објаснета како примитивен рефлекс, а некои дури одеа и до таму, овие  движења да ги класифицираат како напади,и тоа тоночно-клонични напади, а други  пак како напади  кои се рефлексни, се јавуваат на звук , светлина итн,  и кои не се лечат.
Да се шета Ана во количка беше голем проблем. Шетањето обично почнуваше со Ана во количка, но завршуваше со Ана во раце.Страв ми беше да не и се приближи некој, веднаш реагираше , како на сликата , 

и бидејќи тие реакции беа крајно исцрпувачки и непријатни за неа , Ана веднаш почнуваше да плачи. Кога ќе дојдеше некој на гости , Ана морав да ја држам и стегам во мене, да не ги гледа луѓето . Значи, Ана беше нон под стрес .
По 9 месеци и нешто повеќе од 500 саати АБР , Моро скоро и да го снема.
Ана ужива во сликање и се смее на блицот. На блицот , од кој пред само 9 месеци и предизвикуваше толку голем стрес. 

Што се промени? Всушност таа реакција, која обично ја викаат рефлекс на Моро, ја имаат скоро сите деца спастична форма на церебрална парализа.Некои поблаго го изразуваат овој рефлекс, некои појако. Но , проблемот е всушност во структурата на телото , а не само во мозокот и што е најважно како што се намалува спазамот, како што се опуштаат ригидните мускули, така полека и овој рефлекс исчезнува. Ана денес ужива во прошетките. За водици , кога во Охрид беше голема гужва , таа се шеташе 2 саати во гужвата и уживаше во секој момент. Гости можат слободно да влезат дома, без Ана да се потреси, а и ние можеме да одиме на гости без страв дека Ана ќе е постојано под стрес и дека ќе мора веднаш да се вратиме дома. Значи, животот на Ана се промени, се отвори еден нов прозорец , можеби е мал, но кога човек ќе се приближи доволнио блиску дури и низ малиот прозорец се гледаат широки пространства.
Во седечка положба, Ана мораше буквално да се држи .


Ако ја потпревме со грбот , таа се лизнуваше надолу.

Кога ние седиме за да можеме да се движиме лево -десно, и да не паѓаме како клада ги користиме слабините. Тоа е нешто кое Ана го немаше. Просторот меѓу ребрата и карлицата кои кај нас се минимум 3 прсти, кај ана беа 0 прсти, немаше никакво растојание.

Значи внатре во телото ребрата и карлицата на Ана формираа оклоп и затоа Ана паѓаше како клада. Во октомври 2010 веќе имавем 1 прст ,






а сега имаме дури два прсти.
Како резултат на тоа Ана многу подобро седи и веќе не паѓа како клада.
И тоа е голема работа за нас. Не толку  заради самото седење, туку повеќе за чувтсвото на удобност на Ана. Таа сега се чувствува многу попријатно и покомотно во соптвеното тело, моето дете не страда, тоа е тоа што ме исполнува со радост.
И покрај тоа што имаме уште доста работа до самостојно седење, сепак разликата од декември 2009 имаме голема разлика.
 
Исто така, јасно се зголеми  степенот на опуштеност на Ана. Додека во декември 2009 шаките беа во тупаници, во Октомври 2010 имаме отворен шака.И плус уште една работа која е паѓа во очи кога се гледаат слики од Ана. Тоа  е погледот на Ана. Во декември 2009 имаме отсутен и тап поглед, а во октомври 2010
Ана е веќе друго дете, дете со далеку побистар поглед од порано.Пред околу месец дена почна да гледа цртани. Прво ги сакаше цртаните со Пепа прасето, потоа следуваше Бумба , а вчера со голем интерес го гледаше сунѓерот Боб.
Добивме подобрувања во сите аспекти. Така , Ана далеку подобро голта . Ако пред АБР јадењето ни беше голем предизвик сега веќе не е така. Пред АБР потребни ни беа  10 лигушници за едно јадење,Ана јадеше минимум пола саат, со псотојано засркнување, проследено со кашлање и кивање. Тоа баш и не беше пријатно за неа, ама јас не знаев како да и помогнам освен да ја гмечам храната и да ја направам што е можно покашеста. Сега Ана јади  лепче  намачкано со крем,макарони,бурек,....јадењето трае 5до 10 минути , не се засркнува воопшто и валкаме најмногу 1 лигушник. Животот на Ана е многу олеснет а со тоа и мојот. Постојаните повраќања, скоро исчезнаа .Така што сега  не ја преслекувам по 4 пати на ден како по рано. Олеснет е процесот одење на гости, веќе не мора да носам цела торба алишта. Мислам дека и не треба да споменувам колку и полесно сега на Ана без тие чести повраќања.
Имаме и подобрувања во спиењето, во дишењето,во шлајмот  кој веќе го нема , освен кога е болна, многу е погласна од порано, ги поврзува гласовите, степенот на комуникациај се зголеми...
И сето ова го добивме само од вежби за гради, стомак , врат , а моментално работиме и вилица и глава.
Кога седи во количка веќе не е како здрвена. Има одлична контрола на глава, нема ограничувања во аголот на вртење, и плус може да се оддели од количката  со грбот. И нешто кое толку многу го вежбавме пред АБР а не успеавме да го добиеме, почна да ги крева рацете кога е во седечка положба. Ние тоа толку многу го вежбавме, толку ги кревавме рацете на Ана , со цел да научи Ана да ги крева рацете, ама до пред АБР не успеавме.
Кај нас подвижноста на раката се остварува преку рамениот зглоб, ние кога ја креваме раката нагоре, таа само се врти во зглобот. Кај Ана кога и ја кревавме раката  го влечеме и цел граден кош сосе ребра нагоре. 


Затоа Ана не можела да ја крева раката кога е во седечка положба, не дека требало да научи,едноставно структурата на телото тоа не го дозволувала.. После 9 месеци веќе имаме извесна стабилизација. 

Сега кога ја креваме раката ребрата се стабилни, но сега имаме придвижување на лопатктата. Наредна фаза е стабилизација на лопатката ,и добивање подвижност од рамениот зглоб како и кај секое човечко суштество.
За тоа зборува АБР, отстапки во структурата на телото, слабост пристутна насекаде низ телото, од сите органи, сите ткива , слабости кои доведуваат до ограничувања.
Градниот кош на Ана можеше буквално да се згмечи на пола. 

Сега после 9 месеци , градниот кош е раширен и зајакнат и веќе не може така да се превиткува.
И можам да пишувам уште многу, но не сакам да бидам  досадна. Целта ми беше да ви објаснам  како со помош на АБР се менува структурата на телото, и како тие структурални промени придонесуваат и за функционални промени. Промените кои се добиваат се во сите аспекти, од општа здравствена состојба, што се разбира е приоритет, па до подобрувања во психичкиот и моторичкиот дел.
Ако со другите методи се трудиме да го извлечеме максимумот од детето , со АБР тој максимум го зголемуваме. И каде е крајот?!Нема крај. Се дури се работи подобрувања ќе се добиваат.
И тоа е нешто кое  ми дава голема надеж и утеха.Пред мои очи  Ана се менува од ден во ден, од недела во недела од месец во месец.Многу работи останаа зад нас, уште многу  предизвици стојат  пред нас. Освојуваме, исто како што алпнистите го освојуваат Монт Еверест, база по база.Секој ден , со секој изработен саат, сме понапред од претходниот ден, секој месец и секоја нередна година Ана  ќе биде подобра од претходната. Сега имаме пат за напред.

Не е лесно, но барем  не е невозможно.




Извештајот на Ана во Март 2011 

ПРЕВОД

ПРВА СТРАНА  


Ниво на потпора(помош) при седење

Декември 2009
Целосна потпора (придржување под рамена ) Со придржување по рамена Ана може да се задржи во седечка положба
Долен граден кош( ако рацете се спуштат подолу кон долниот дел од градниот кош ) Ана паѓа на напред, не може да се задржи исправена во седечка положба
Горен стомак ( ако се придржува кај стомакот )седењето е невозможно .
Октомври 2010
Ана покажува поголема цврстина во седечка положба.
Кога  потпората се спушта кон долниот дел од градниот Кош, Ана може да се задржжи во седечка положба. Може да го одржува своето тело во седечка положба дури и со придржување за една рака.
Кога потпората се спушта кај стомакот, настанува нестабилност .
Март2011
Ана е стабилна при седењесо потпора кај  горниот дел од стомакот.
Кога потпората се спушта кај долниот дел од стомакот, сеуште постои извесна нестабилност.


Седечка положба

Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се забележуваат промени во горниот дел на телото, зајакнување.
 Стомакот е зајакнат.(и волуменски зголемен), што резултира со помала закривеност на р бетот .
Предниот дел од телото е исто така зајакат .
На задниот дел од телото(грбот) сеуште постои изразена  ригидност(крутост).

ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА Ctrl++









ВТОРА СТРАНА
Стабилност на рамениот појас
Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се забележуваат промени во стабилноста на рамениот појас.
Јасно изразената компесија на горниот дел од градниот  кош значително се намалена.
Март2011 Јасно изразена стабилност на рамениот појас при подигање со држење под рамена.( ако на втората слика, рамениот појас оди на горе и ана буквално потонува со вратот во градниот кош, на третата слика јасно се гледа дека тоа потонување веќе не е можно)

Одржување тежина на лакти
Одржувањето тежина на лакти е илустарција за јачината  на рамениот појас и врската помеѓу таа стабилност и контрола на главата.
Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се забележува напредок

  1. Подобрена контола на главата
-         Може да ја држи главата крената доста долго време, без да и падне
-          Независни (селективни )  движења( флексија, екстензија, ротација ) на рамениот појас

2.      Подобрена стабилност на рамениот појас
-Може да се задржи на лакти подолго време
-Може да се одржи во таа положба дури и кога телото го подигнуваме од клупата

Забелешка Одржувањето на тежината  на лактите сеуште е заради ригидноста на рамениот појас.
ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКA      Ctrl ++






ТРЕТА СТРАНА

Одржување тежина на градниот кош

 Во периодот од Декември 2009 до Март 2011 кај Ана се  забележуваат неколку подобрувања
  1. Намалена ригидност на грбот. Во Октомври 2010 и март 2011, ана веќе може да се виитрка, при летечки тест.Зголемена флексибилност на рбетниот столб.
  2. Март2011 Контрола на глава, независна од останатиот дел од телото.Може да ја двжи главата слободно кога се е дигната со подршка под граниот кош.
  3. Намалена компресија на градниот кош.

Сегментација Торакс/ долен дел од рбетот

Сегментацијата на долниот дел од рбетот  илустрирана е преку независната подвижност на горниот од долниот дел од телото. Ова е од исклучително значење за рамнотежата.Со таа сегментација се добива и поголема подвижност.
На сликата илустрација на сегментацијата е цртките кои се јавуваат на кожата кај долните ребра.

Забелешки
Овие подобрувања настанаа како резултат на зголемувањето на волуменот на стомакот , зајакнувањето на стомакот инамалената ригиднист на овој дел од телото.

ЗА ПОГОЛЕМА СЛИКА               Ctrl ++