Wednesday, August 29, 2018

Никола , 6та година со АБР

                                         Никола ужива во летото         и              развива нови способности


Ова е Никола Маринов од Бугарија. Сега има седум и пол години. Неговата дијагноза е квадриплегична спастична церебрална парализа. Почнавме со Војта, како и хипербарична  терапија ,кога тој имаше шест месеци и ги практикуваше речиси две години без значителен ефект.  Никола дури почна да назадува, состојбата да се  влошува, стана крут и блокиран како "дрвена штица". Неколку пати беше хоспитализиран  и секогаш заради проблем со  белите дробови . 
 Започнавме со АБР во Март 2012, тогаш Никола имаше 2 и пол  години.Во првите три години од AБР ние,  неговите родители, не бевме многу редовни со вежбањето, но сепак доби позитивни резултати. Никола стана поопуштен, неговото тело почна да се сегментира,  во споредба со времето кога  започнавме со АБР  и тој почна  да ја контролира главата и рацете се  подобро и подобро. 

Март 2012 - Започнувасо АБР,Никола има 2 и пол години 
 Во целост ги сфативме големите резултати на AБР во текот на последните две години кога работиме најмалку два часа дневно и Никола постигна  голем напредок како што е прикажано на фотографиите.
                                              Никола гледа  телевизија

 Како прво, почна да зборува многу, дури и да составува  едноставни реченици со три-четири збора. Контролата на главата на Никола  е значително подобрена, што му овозможува да седи мирно подолго време, иако сеуште балансира со рацете. Исто така, има многу  физички промени - неговиот врат и рамениот појас станаа "видливи", и многу посилни. Градниот кош на Никола стана поголем и ја промени својата форма, дишењето е многу подобро и почна да ја зголемува телесната тежина за прв пат во две години.

Николај Маринов- татко на Никола

Wednesday, February 28, 2018

Развојот на Јован продолжува

Пред неколку месеци , мајката на Јован , кој има Даунов синдром, го сподели своето искутво со АБР.
Ова е тоа што го напиша тогаш http://abrmakedonija.blogspot.mk/2017/08/blog-post.html
Благодарение на посветеноста и неуморната работа на мајката, развојот на Јован продолжи.

 
Јован, Јануари 2018, после 9 месеци АБР

Божиќната честитка од Јован, беше овој клип каде Јован седи сам, се смее и успева да одржи рамнотежа.
Јован започна од состојба на изразена слабост на телото.
Јован на првата АБР проценка , Април 2017
Јован на првата АБР проценка, Април 2017 


Му требаше потпора од сите страни за да се одржат главата и телото исправени.
Непобитен факт е дека телото на Јован одлично реагира на АБР и постигнува далеку повеќе од очекувањата. Во една прилика мајката на Јован ми рече- Вие нас не шокиравте во Април, сега ние вас ве шокираме . Како што телото се зајакнува со АБР, така следи и психо-моторниот развој на Јован. Браво за мама, браво за Јован! Благодарам за довербата и радоста што ни ја донесовте со овие фантастични резултати.