Sunday, May 27, 2012

Јована - 5 години, церебрална парализа

октомври2010
октомври2011                                      

октомври2010
октомври2011




На сликите се набљудува издолжување на вратот,спуштање и ослободување  на рамениот појас, зголемување на волуменот на градниот кош и стомакот, промена на положбата на главата(особено видливо по положбата на увото), издулжување на цело тело. Тоа што јасно се гледа е ослободување, релаксација,  на телото од напнатоста и затегнатоста која постоеше до октомври 2010.
Како резултат на структуралните промени , кај Јована има големи подобрувања во говорот, моториката на рацете, подобро седи , лази....
Благодарение на одлично сработените саати од страна на нејзината мајка, која морам да признам има одлична техника, Јована е денес друго дете. Кога човек ќе ги погледне сликите, дури и тешко е да се поверува дека станува збор за истото дете.


Октомври 2010- за да се придвижи главата на напред, се дига и грбот, во движењето се вклучуваат и пршлените од градниот кош.Нормално , ова движење се  случува во последниот вратен пршлен, се дига главата со вратот , а рамената и грбот остануваат  на подлогата.




 Во октомври 2011, движењето е се поблиску до нормалното. Грбот скоро цел останува на подлогата.
Октомври 2011 






Sunday, May 13, 2012

АБР помага во закрепнувањето на преживеано дете од страшната автобуска несреќа која се случи во Швајцарија- пост од блогот на Леонид Блум


Постот е презвемен и преведен од блогот на Леонид Блум. КЛИК
Колку е  мал светот ...  понекогаш и меѓународни вести се  локални.
На 14 март, страшна трагедија ја погоди Белгија. Автобус со ученици од белгиско училиште на враќање од ски-одмор во Швајцарија удри во ѕид од тунел , загинаа 22 деца, 6 возрасни, а преживеаните беа сериозно повредени.  

Белгија жали за дваесет и осумте загинати во автобуска несреќа


Во автобусот беше и Лука , синот на Катја Шулц, еден од тренерите на АБР Белгија.По неколку часа  страв и неизвесност  - Катја  конечно доби вест дека Лука  е  меѓу преживеаните. Во раните утрински часови ,со  воен авион испратен од страна на белгиските власти,  замина за Швајцарија – не знаејќи во каква состоја е Лука, физички и емоционално.
За среќа Лука беше вон животна опасност , имаше отворена фрактура на фемурот, разнишани писки, скршен зглоб....и што е најважно со добро расположение и желба за оздравување.
Швајцарските хирурзи завршија одлична работа.
23.03.2012










 
Но неколку дена подоцна, по враќањето во Белгија се појави еден нов проблем. На оштетената кожа и фасциа ,кои беа пробиени од скршеницата на фемурот(бутна коска), а подоцна сошиени заедно, почнаа да се појавуваат знаци на гангрена.Кожата стана безживотна црна лепенка, почнуваше да гние и да смрди.Докторите беа многу загржени и предлагаа трансплантација на кожа со цел да се спречи ширење и гниењето и  на останатиот дел од кожата.
24Март2012
 
Тогаш ми се јави Катја и ме праша дали АБР би можела некако да помогне.Катја беше со право загрижена за исходот на трансплантацита, колку операции ќе треба да се прават, со тоа би се оддолжил процесот на оздравување, а и новите лузни би можеле да ја ограничат подвижноста на коленото.
Советот којшто и го дадов на Катја беше да се стави АБР машина, и да се работи со јајцето и топката , според одредената стратегија.
25Март2012
Мама Катја со јаце, Грета со топка(тренер во АБР Белгија )

 Морам да ги пофалам докторите кои се грижеа за Лука. Кога видоа што наумила Катја да прави беа многу скептични, како може едно јајце и една топка, играчки, да помогнат. Но кога видоа дека не може да наштети не и се мешаа на Катја.
На 29 Март добив меил од Катја, еве извадок

На 23.Март докторот рече Многу сум загрижен, левото колено не изгледа добро.
На 24 Март докторот рече Изгледа подобро, но сум воодушевен.
На 26 Март докторот рече Огромна разлика, воодушевен сум. 
Денес сме дома и веќе никој не спомнува трасплантација. 
Голем поздрав до Господин блум од мама Катја.
28Март2012
Заздравувањето е скоро при крај.Нема веќе црни делови, кожата е розева и жива.
Многу сум горд на Катја , на нејзината посветеност и издржливост.Работеше по 5 до 6 часа секој ден, а машината работеше по 15 часа.
И се разбира..Лука.. посебно сум среќен за негоо, можам слободно да го наречам херој. И покрај страшната трагедија што ја доживеа, виде како му умираат другарчињата од одделението, во ниеден момент не западна. Цело време беше ведар  исклучително позитивен.
Им посакувам многу среќа и брзо целосно  опоравување, следниот чекор е самостојно  одење. Со задоволство чекам да ги видам новите резулати.  
Неверојатно, нели?!!!!!!
Доколку сакате да ја имате во целост англиската верзија од постот можете да ја превзете од тука http://www.screencast.com/t/mm63AsUas3t2