Thursday, July 29, 2010

На роденден кај Јуле

Вчера бевме на роденден кај Јуле и пријатно се изненадив од мојата Ана.
Пред само 7 месеци бевме на роденден кај внук ми , во игротека со гласна музика и уште погласни деца.Пред 7 месеци со Ана седевме на посебна маса, Ана плачеше од вревата и се плашеше ако некој и се приближеше.За јадење имаше пица , нормално Ана не можеше да јади пица.Тоа тогаш за нас беше научна фантастика.

По само 7 месеци на роденден кај Јуле, Ана беше друго дете.Седевме на маса со сите деца, изеде цело парче пица, пиеше сок од чаша , јадеше торта и беше пресреќна.

Децата викаа, музиката трештеше , всушност се знае како изгледа еден детски роденден, а Ана се пратеше со големо внимание,ништо не и сметаше.Стравот од пред седум месеци исчезна, па дури и дозволи на Јуле да ја изгушка .

Friday, July 2, 2010

Подобрувањата на Иван со АБР

Иван се роди како здраво дете.Растеше и напредуваше како неговите врсници,се до 8 месечна воозраст кога од вакцината доби епилептични напади.

До 8 месечна возраст тој почна да седи саmостојно, да  игра со играчките,гугаше, дури и имитираше звуци од животни.

Откаkо почнаа епилептичните напади, развојот на Иван, не само што стагнираше туку и почна да назадува.Престана да гуга, престана да ги имитира животните.Eдно време примаше дури и 5 антиепилептици, но проблемот со епилесијата никако да се среди.Одевме редовно на вежби, но каков и напредок да добиевме, епи нападите го враќаа назад во развојот.

Кога разбрав за АБР, многу се заинтересирав.Снимките од децата кои што ги гледав му дадоа многу надеж.Пресудното нешто кое ме натера да се одлучам за да почниме со АБР беше тоа што ми кажаа дека се што ќе дoбиеме како напредок, ќе остане.Веќе бев при крај со сета надеж и сите сили.Не е лесно да добиваш подобрувања и  со секој напада тие подобрувања да исчезнуваат.Имав чувство како да градам кула од карти.



На 19 декември, бевме на преглед, и ни кажаа кои се недостатоците на Иван и ни дадоа голема надеж.Ни кажаа што можеме да очекуваме за наредните 6 месеци, и ни рекоа дека нивното иксуство покажало дека со долготрајна примена на АБР нападите сосема исчезнуваат.



Почнавме со вежбите.На почеток работевме по 1 саат на ден, и постепено наголемувавме до 3 саати.
Досега сме сработиле 300 саати, и јас не да сум задоволна, туку сум презадоволна од АБР.
Еве ги подобрувањата кои Иван ги доби во моториката

-         лази самостојно, големи растојанија.Може цела соба да ја помине неколку пати и да не се умори
-         Почна да оди на колена
-         Се фаќа за мебелот и се исправа
-         Го држиме за една рака и оди
Во комбинација со модифицирана кетогена диета, нападите се намалија до исчезнување , лекарствата од 4 ги сведовме на 2.
Иван има и доста психички подобрувања.
Испушта многу повеќе звуци, вниманието е во огромна мера подобрено, почна да џвака, па јади јаболко и краставица .Ги зема во рака и си грицка, а пред АБР тоа беше невозможно.
Многу добро знае што сака , а што не сака и јасно тоа го покажува.Комуникацијата е издигната на многу високо ниво.Се надевам дека со помош на АБР во иднина ќе добиеме и говор.

Го гледам Иван и не ми се верува дека тоа е истото дете од пред 5 месеци.
Иван денес е друго дете и сето тоа благодарение на АБР.











Поздрав,

Валентина

Контакт 071 305 157