Gross Motor Function Classification System , проширен и ревидиран
The Gross Motor Function Classification System (GMFCS) за церебрална парализа е базиран врз основа на само-иницирачките движење, со акцент на седењето, поместувањето и движењето. Кога дефиниравме систем на класификација во пет нивоа, нашиот примарен критериум беше дека разликите помеѓу нивоата мора да имаат значење во секојдневниот живот. Разграничувањата се базираат на функционалните ограничувања, потребата за рачни уреди за движење (како што се прооодувалки, патерици, или бастун) или на уреди со тркала, како и во многу помал обем, квалитетот на движење. Разликите помеѓу нивоата I и II не се толку изразени како дистинкции меѓу другите нивоа, особено за доенчиња помали од 2 години. Напредниот GMFCS (2007) вклучува возрасна група за млади од 12-18 години и нагласува концепти својствени за Меѓународната Класификација на Функционирање, Инвалидитет и Здравје (МКФ) на Светската здравствена организација . Во фокусот на GMFCS e детерминирање на нивото кое најдобро ги опишува момнеталните способности и ограничувања во моторните функции на детето или адолесцентот. Акцентот е ставен на вообичаеното однесување во домот, училиштето и поставувањето во заедницата (т.е., она што го прават), а не на она што се знае дека се способни да го направат (нивните можности). Затоа е важно да се класифицираат сегашните достигнувања во бруто моторните функција и да не се вклучуваат оценки за квалитетот на движење или прогноза за подобрување на состојбата. Насловот на секое ниво е методот на движење кој е најкарактеристичен за перформансите после 6 годишна возраст. Описите на функционалните способности и ограничувања за секоја возрасна група се широки и немаат за цел да ги опишат сите аспекти на функцијата на одделни деца / млади. На пример, дете со hemiplegia кое не е во можност да лази на
неговите раце и колена, но одговара на описот на Ниво I (т.е., може да го повлечат за да стои и да чекори), ќе биде класифицирано во Ниво I. Класификацијата е подредувачка, без импликации дека растојанијата меѓу нивоа се сметаат за еднакви или дека
децата и младинците со церебрална парализа се подеднакво дистрибуирана низ петте нивоа. Предвиден е и краток преглед на разликите помеѓу секој пар на нивиа за да помогне во одредувањето на нивото кое најмногу одговара на тековната бруто моторни функција на детето. Бидејки манифестациите на бруто моторни функции се зависни од возраста, особено во текот на раното детство за секое ниво, се предвидени посебна описи во неколку возрасни групи. За деца помлади од 2 години треба да се смета нивните корегирана возраст, ако тие се предвреме родени. Описите за возрасните групи од 6-12 година и 12 до 18 година го одразуваат и влијанието на факторите на животната средина (на пример, растојанија до училиштето и заедницата) и личните фактори (на пример, побарувачка за енергија и социјални параметри) врз методите за движење. Направен е обид да се нагласат способностите повеќе отколку ограничувањата. Така, како општ принцип, бруто моторната функција
децата и младите кои се способни да ги вршат функциите опишани во одредено ниво најверојатно ќе биде
класифицирана на или над тоа ниво на функција. Спротивно на тоа, бруто моторната функција на децата и младите кои не можат да ги исполнат барањата опишани во одредено ниво треба да се класифицира под тоа ниво на функција.
Дефиниции на поимите кои се користат:
Проодувалка со телесна подршка – Направа за движење која ги придржува карлицата и трупот. Детето се поставува во оваа направа од страна на друго лице.
Рачен уред за движење – бастун, патерици, предни и задни проодувалки кои не го придржуваат трупот за време на движењето.
Физичка помош - друго лице рачно им помага на децата / младите да се движат.
Подвижност со напојување- детето/адолесцентот контролира џојстик или електричен прекинувач кој му обозможува независно движење со количка, скутер или друг вид направа со напојување.
Самоуправувачка рачна количка- детето активно ги користи рацете и нозете или рацете за буткање на тркалата на количката.
Транспортирање - Друго лице рачно турка уред (на пример, инвалидска количка, шетач, или детска количка) за да го придвижи детето од едно место до друго.
Чекорење - Освен ако не е поинаку назначено, не користи никаква телесна помош од друго лице или било какви рачни уреди за движење.
Движење на тркала - Се однесува на секој вид на уред со тркала кои овозможува движење (на пример, шетач, рачна
инвалидска количка, или инвалидска количка со напојување).
Општи наслови на секое ниво
Ниво I - Чекорење без ограничувања
Ниво II - Чекорење со ограничување
НИВО III - Чекорење користејќи рачен уред за движење
НИВО IV - Авто-мобилност со ограничувања; може да го користи подвижност со напојување
НИВО V – Транспортирање во рачна инвалидска количка
Разлики меѓу поедини нивоа
Дистинкции меѓу нивоа I и II - Во споредба со децата и младите во Ниво I, децата и младите во Ниво II имаат ограничувања во одењето на долги растојанија и одржување на рамнотежата; може да имаат потреба за рачен уред за движење кога прв пат учат да одат, може да користат уред на тркала кога патуваат на долги растојанија надвор; имаат потреба од користење на
оградата за одење нагоре и надолу по скали, и не се толку способни за трчање и скокање.
Дистинкции меѓу нивоа II и III - Деца и младите во Ниво II се способни за одење без рачни уреди по возраст од 4 години (иако тие можат да изберат да користат некое). Децата и младите на ниво III имаат потреба од
рачни уреди за движење во затворен простор и употреба на самоуправувачка рачна количка на отворено.
Дистинкции меѓу нивоа III и IV - Децата и младите на ниво III седат сами или бараат мала надворешна поддршка за да седат, посамостојни се во стоење и одат со рачни уреди за движење.
Децата и младите во Ниво IV функција седат (обично поддржано), но само-мобилноста е ограничена. Децата и младите во Ниво IV се со поголема веројатност да бидат транспортирани во инвалидска количка или да употребуваат уред на напојување.
Дистинкции меѓу нивоа IV и V - Децата и младите на ниво V имаат тешки ограничувања во контролата на главата и трупот и бараат голема технолошка и физичка помош. Авто-мобилност се постигнува само ако детето научи да управува инвалидска количка на напојување.
GMFCS НИВОА
Пред Вториот роденден
Ниво1: Детето може да седи самостојно, од лежечка положба да да се исправи до седчка положба.Кога седи рацете не му се потредби на потпора , па со нив може да си игра со играчки..Лази на стомак(се влечка) и четвороношки, во состојба е да стане држејќи се за мебелот.Помеѓу 18 месеци и 2 годи може да прооди без проодувалка.
Ниво2: Детето седи на под, но најверојатно му се подребни рацете за потпора и одржување рамнотежа. Може да лази на стомак или лази четвороношки.Може да се фати за мебел и да се исправи.
Ниво3: Детето седи на под со потпора на долниот дел од грбот.Лази са стомак и може да се заврти на стомак.
Ниво4: Детето има контрола на глава, но за седење има потреба од потпора на цел грб.Се врти на грб и стомак.
Ниво5:. Детето не е во состојба да ја одржи контролта на главата и трупот(да се избори со гравитацијата) или да ја крене главата кога лежи на стомак и кога седи.Потребна е помош од возрасен за да се заврти.
Помеѓу втор и четврти роденден
Ниво1: Детето може да седи самостојно, рацете не му се потредби на потпора , па со нив може да си игра со играчки.Само доаѓа до седечка положба , стои самостојно, оди самостојно.
Ниво2: Детето седи на под, но може да има проблем со рамнотежата кога рацете ги користи за нешто друго , од лежечка положба да се исправи до седечка положба самостојно.Лази самостојно(на стомак и четвороношки), може да се исправи држејчи с еза мебел. Оди со помош на проодувалка
Ниво3: Детето седи на под со скрстени нозе,можно е д аима потреба од помош на возрасен како би се осигурала безбедност..Лази(се влечка) на стомак или лази четвороношки.Може да се исправи и са оди со проодувалка, кратко растојание.
Ниво 4: Детето седи на под, ги користио рацете за одржување рамнотежа и за потпора. Често потребна е адаптирана направи за седење и стоење.Се достигнува некој степен на самостојна подвижност преку, вртење, лазење на стомак(влечкање) или лазење на раце и колена без запазување на реципроцитетот на движење на нозете(една па друга)
Ниво 5: Детето не е во состојба да ја одржи контролта на главата и трупот(да се избори со гравитацијата) .Моторните функции се ограничени .Функционалните ограничувања при седење и стоење не може да се надминат дури ни преку користење соодветна опрема и технологија за помош.Детето од ниво 5 нема никакви знаци на самостојни движења.
Помеѓу четврти и шести роденден
Ниво 1 : Детето може да седне на стол и да слезе од стол без помош.Оди самсотојно, се качува по скали.Имаат спосбност за трчање и скокање.
Ниво 2 : Детето може да седи на стол, рацете му се слободни за профаќање предмети.Детето може да стане, да се исправи од седечка положба(на под или на стол), користејќи ги притоа рацете за да поттруне и потпре.Може да оди самостојно на рамно, но кратко .Може да се качува по скали со придржување за оградата.Не може да скока и ниту пак да трча.
Ниво3: Детето седи на стол , но потребна е потопра на долниот дел од
грбот
.Може да седне на стол и да слезе од стол коростијки стабилна површина како потпора.Оди(на рамно) со помош на рачен уред за движење, а се качува по скали со помош од возрасен.На поголеми растојанија најчесто детето се пренесува во количка.
Ниво4: Детето седи на стол , но потребан му е потпора на цел грб за одржување контола на глава и труп.Седнува во тсол со помош од возрасен , станува од стол со помош од возрасен .Може да оди со проодувалка на кратки растојанија, и на рамна површина, но со придружна од возрасен бидејќи не може да се заврти и има проблем да орджи рамнотежа на помалку рамен терен.Детето може да постигне самостојна подвижност доколку научи да управува со количка на напојување..
Ниво5: Детето не е во состојба да ја одржи контролта на главата и трупот(да се избори со гравитацијата) .Моторните функции се ограничени .Функционалните ограничувања при седење и стоење не може да се надминат дури ни преку користење соодветна опрема и технологија за помош.Детето од ниво 5 нема никакви знаци на самостојни движења.
Помеѓу шести и дванаести роденден
Ниво1: Детето оди самостојно, оди само во школо, излегува надвор, се дружи.Се качува и слегува по скали самостојно без да се држи за ограда.Скока, трча но има одредени ограничувања во брзината,рамнотежата и координацијата:може да учествувавата во различни физички активности.
Ниво2: Детето оди самостојно, но има проблем на подолги растојанија, иам проблем со одржување рамнотежа на нерамни терени, кога нешто носи во раце, во гужва..Се качува по скали , со придржување за ограда или со помош од возрасен ако нема ограда.Во надворешна средина, детето оди со помош (бастун или сл.) или доколку се работи за подолги растојанија транспортот е во количка.Во најдобар случај имаат минимална успех при скокање или трчање.
Ниво3: Детето оди со помош (бастун или сл)Во седечка положба имаат потреба од ремен како потппора на карлица.Од седечка положба може да стане со помош.на долги растојанија, транспорт со количка.Може да се качува по скали со потпора на ограда и помош од возрасен.
Ниво4: Детето седи во стол адаптиран за потпора и контрола на грб и карлица,потребна е помош од друго лице за придвижување.Дома, можно е да постигне некој степен на мобилност на под преку вртење, лазење, вечкање.На кратки растојанија може да оди со проодувалка со телесна потпора.Надвор, во социјална средина и на подолги растиојанија детето се пренесува со количка
Ниво5: Детето не е во состојба да ја одржи контролта на главата и трупот(да се избори со гравитацијата) ниту пак да воспостави конторла над рацете и нозете .Моторните функции се ограничени .Функционалните ограничувања при седење и стоење не може да се надминат дури ни преку користење соодветна опрема и технологија за помош.Детето од ниво 5 нема никакви знаци на самостојни движења.Потребна е постојана физичка помош за сите активности. Авто-мобилност се постигнува само ако детето научи да управува инвалидска количка на напојување
Помеѓу дванаесет и осумнасет години
Ниво1: Младиот човек оди самостојно, оди само во школо, излегува надвор, се дружи.Се качува и слегува по скали самостојно без да се држи за ограда.Скока, трча но има одредени ограничувања во брзината,рамнотежата и координацијата:може да учествувавата во различни физички активности по свој избор.
Ниво2: Младиот човек скоро секаде може да се движи самостојно.Во одредени сулови ккао што се нерамни терени, височинки, подолги растојанија , временски услови може да влијаат на степенот на подвижност.Кога оди во школо или на работаможе да користи бастун (или сл.) за потпора и безбедност.за долги растојанија, моно е да користи инвалидска количка како средство за движење. Се качува по скали , со придржување за ограда или со помош од возрасен ако нема ограда.Ограничувањето во моторните функции оневожмозува спорт и други физички активности, освен во случај кога има адаптирани услаови за личноста.
Ниво3: Младиот човек оди со помош (бастун или сл)Во седечка положба имаат потреба од ремен како потппора на карлица.Од седечка положба може да стане со помош.на долги растојанија, транспорт со количка.Може да се качува по скали со потпора на ограда и помош од возрасен.Во школо или на работа оди со помош на количка .
Ниво4: Младиот човек најчесто сам управува со инвалидаскјата количка. Седи во стол адаптиран за потпора и контрола на грб и карлица,потребна е помош од друго лице(1 или 2) за придвижување.Дома, можно е да постигне некој степен на мобилност на под преку вртење, лазење, вечкање.На кратки растојанија може да оди со проодувалка со телесна потпора.Надвор, во социјална средина и на подолги растиојанија детето се пренесува со количка(управувана од друго лице или лично).
Ниво5: Младиот човек не е во состојба да ја одржи контролта на главата и трупот(да се избори со гравитацијата) ниту пак да воспостави конторла над рацете и нозете .Моторните функции се ограничени .Функционалните ограничувања при седење и стоење не може да се надминат дури ни преку користење соодветна опрема и технологија за помош.Детето од ниво 5 нема никакви знаци на самостојни движења.Потребна е постојана физичка помош за сите активности. За пренесување потребна е помош од 2 лица или специјален лифт.Авто-мобилност се постигнува само ако детето научи да управува инвалидска количка на напој.